100 години од основањето на словенската провинција Ќерки на христијанската љубов

100 години од основањето на словенската провинција Ќерки на христијанската љубов

Ќерки на христијанската љубов на свети Винко Павелски од Битола со тродневница се подготвуваа за прославата на 100 годишнината од основањето на словенската провинција. На тродневницата која се одржа од 3 до 5 април 2019 година се молеше свечена вечерна и Обожавање на Исус во Пресветата Тајна Евхаристија.

На првиот ден од тродневницата се благодареше за малото житно зрно – односно за харизмата – кое Господ го посеал во 1633 година преку рацете на свети Винко Павелски и света Лујза де Маријак.

На вториот ден од тродневницата беше прикажан игран документарен филм за првата сестра провинцијалка од провинцијата во Грац: Од грофица до служителка на сиромашните. Станува збор за сега веќе Божјата слугинка Леополдина Јожефа Брандис ќерка на христијанската љубов на свети Винко Павелски и основателка на Сестрите на Марија од чудотворниот медалјон, која своите сестри ги испраќа по цела тогашна Австро-Унгарија. Најголем замав нивната работа земала во Словенија. Со распадот на монархијата и основањето на кралството СХС, заради таа ситуација, врховните поглавари од Париз основаат Југословенска провинција со седиште во Љубљана, а која имаа свои заедници во сите тие три држави, како и во Македонија, каде што сестрите се присутни до денес.

На денот на основањето, на 5 март својата благодарност ја соединивме со Папскиот ден кој во Битола се одржува секој петок: преку молитвата Крстен пат, со свечена Евхаристија и Обожавање, Деветница пред Пресветата Тајна Евхаристија заблагодарувајќи Му се на Бог за сите добрини поделени на провинцијата низ вековната историја. TE DEUM! MАGNIFICAT!

Во 1633 година преку рацете на свети Винко Павелски и света Лујза де Маријак е посеана каризмата на сестрите Ќерки на христијанската љубов на свети Винко Павелски и го опфатила целиот свет. Неговата харизма доаѓа и во нашите краишта средината на XIX век за време на Австро-Унгарската монарихија преку Австрија од Грац.

с. Љубица Јозиќ ККЛЈ/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот