Џим Кавиезел: „Бидете свети“

Џим Кавиезел: „Бидете свети“

Обраќајќи им се на група ученици во Чикаго актерот Џим Кавиезел полека рече: „Името Савао значи голем. Името Павле значи мал“ Џим Кавиезел ревен христијанин и актер кој ја играше улогата Исус во филмот Пасија на Мел Гибсон ги предупреди ученциите да не живеат површна верзија на христијанството која промовира „среќен говор“. Наместо тоа Кавиезел укажал на примерот на страдањето кој ни е даден во Христос.

Тоа Христово страдање Џим Кавиезел го запознал на многу практичен начин. Кавиезел се здобил со повреди за време на снимањето на филмот додека го глумел Исуса. Некои од нив биле исклучително болни и најверојатно ќе имаат долготрајни последици. Кавиезел се присетува дека се здобил со повреда на рамото додека го носел крстот. Сфаќајќи дека и Исус морал да има повреда на рамото, глумецот рече: „Сега знам какво чувство било тоа.“ Кавиезел кажа дека носењето на толку тежок крст за време на снимањето за него било како покора.

„Страдањето го подобри мојот настап, токму како што тоа го прави и од нашиот живот,“ заклучува Кавиезел. Прегрнете ги своите крстови и трчајте кон својата цел. Сакам да излезете од овој поган свет и без срам да ја покажете својата вера во јавноста. На светот му требаат горди војници оживеани од нивната вера. Војници како свети Павле и свети Лука кои ги ризикувале своите животи и репутацијата.“ Бидете силни. Бидете храбри. Бидете светци.

Актерот ги повика учениците да се борат против падот на молитвата, постот, размислувањето за Светото Писмо и сериозното сфаќање на светите Тајни. Единствено во што Кавиезел верува дека може да нѐ спаси за да не паднеме е живеењето на нашата вера и Христовата мудрост. „Издвојте се од оваа корумпирана генерација. Бидете светци“, им порачува на учениците повторно нагласувајќи ја потребата да се оди против екстравагантноста на културата. „Слободата не постои за да го работите она што ви се допаѓа, туку она што треба“ вели Кавиезел. Враќајќи се на својата прва точка за разликата помеѓу Савле и Павле, Џим Кавиезел подразбира дека најдобриот начин за борба и да се биде добар воин за Христос е да се понизиш и да го живееш повикот кој Бог на секој му го дал.

Свјетло ријечи/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот