Љубовта Христова прави да бидеме христијани

Од денешните литургиски читања, две работи посебно ме погодуваат – се зборовите кои Светиот Отец ги упати на присутните на почетокот на својата проповед, на 31 октомври за време на светата Литургија во капелата Свети Севастијан, внатре во базиликата Свети Петар, не далеку од гробот на блажен Иван Павле II. 

Првата работа која ме погодува – рече папата – е сигурноста на Павле: Кој ќе нѐ одвои од љубовта Божја! Така го љубеше Господ бидејќи го видел; го пронашол; Господ му го промени животот – рече папата Фрањо и повтори: Така го љубел што говорел дека ниедна работа не може да го раздели од Господ. Всушност таа Божја љубов била во центар на животот на Павле. Во прогонствата и болестите; во предаствата и во се што проживеал – рече Светиот Отец – ништо не можело да го оддели од Христовата љубов. Таа била центар и референтна точка во животот на Павле.

Без Христовата љубов; без живеење и без признавање; без хранење од таа Христова љубов, не може да се биде христијанин – рече папата Фрањо појаснувајќи: христијанинот чувствува дека Господ го гледа со својот благ поглед; чувствува дека Господ го љуби и дека до крајот ќе го љуби. Чувствува дека животот му е спасен по Христовата Крв и тоа е она што љубовта го прави – нагласи папата – односот на љубовта. Тоа е првото – рече и продолжи:

Втората работа која ме погодува е Исусовата жалост, кога го гледа Ерусалим. Ти, Ерусалиме, кој не ја сфати љубовта! – не ја сфати Божјата нежност, како што убаво ја прикажа Исус. Да не се разбере Божјата љубов е во спротивност со она што го чувствува Павле. – „Да, да; Бог ме љуби; сите нас нѐ љуби…“ – тоа е така теоретска апстрактна работа; работа која не ме допира во срце и својот живот ќе го организирам како што можам. Ја нема таа верност – рече Светиот Отец – плачот на Исусовото срце заради Ерусалим е ова : Ерусалиме, не си верен; не си дозволил да бидеш љубен, туку си се доверил на толку идоли кои сѐ ти ветувале; кои ти говореа дека сѐ ќе ти дадат, а потоа те оставаат, напуштаат. Исусовото срце; страдање исусовата љубов е ненеприфатеноста, кога љубовта не е примена. Исусовото Срце, Неприфаќањето на Исусовата љубов е страдање, кога љубовта не е примена.

Овие две слики: Павле кој останува верен до крај на Христовата љубов, и од неа црпи сила за да може сѐ да поднесе. Се чувствува слаб, грешен, но во Божјата љубов; во средба со Христос наоѓа сила – појасни папата и продолжи:

Од друга страна, неверниот и град без доверба, Ерусалим со неговото население, кој не ја прима Исусовата љубов, или уште полошо: кои оваа љубов ја живеат делумно; малку да; малку не; како кога му одговара.

Да го гледаме Павле во неговата храброст која доаѓа од Христовата љубов; и да го гледаме Исус кој плаче над градот со недоверба. Да го погледнеме неверниот Ерусалим и Павловата верност, а во средина да го погледнеме Исус; неговото Срце кое толку нѐ љуби. Значи, што ќе правиме? – ги праша папата Фрањо присутните – На што наликувам повеќе на Павле или на Ерусалим? Дали моето срце е силно како на Павле; или моето срце е млако како и Ерусалим? – праша уште еднаш. Нека Господ по застапништвото на блажен Иван Павле II ни помогне да одговориме на ова прашање – рече Светиот Отец, додавајќи на крајот – Нека биде така!

Извор: РВ/Превод: Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот