Јемен: Децата имаат потреба од траен мир, сега!

Јемен: Децата имаат потреба од траен мир, сега!

 Извршниот директор на УНИЦЕФ Хенриета Фор даде изјава за состојбата на децата во Јемен.

Според информациите од тимот на ООН што работи на терен, во месец јули во Јемен се убиени 21 дете како резултат на конфликтот, а во август уште 55 деца. По тригодишната војна ситуацијата на децата во земјата постојано се влошува.

Социјалните услуги речиси не функционираат, а целата држава е пред уништување. Поголем дел од јавните службеници не добиле плата повеќе од две години. Граѓанските структури, вклучително водоводните мрежи, училиштата и здравствените структури се нападнати.

Снабдувањето со основните добра е оскудно. Без тоа децата први страдаат од последиците, бидејќи остануваат без здрвствена, образовна и заштитина помош.

Фор истакнува дека „ако не дејствуваме сега, последиците од војната ќе имаат влијание и на следните генерации. Дури и конфликтот да заврши, неопходни ќе се години за земјата да се оправи.“

Извршниот директор на УНИЦЕФ настојува конфликтните страни во Јемен „кои за прв пат во тие три години треба да се сретнат за да остварат мировни преговори, а исто така и нивните сојузници, да ја постават заштитата на децата на централно место во разговорите.“

Фор настојува поконкретно за:

– Да се обезбеди безбеден и непречен пристап до помош за сите деца на кои им е потребна врз основа на хуманитарните принципи и во согласност со меѓународното право и правата на децата;

– Да се стави крај на воздушните и другите напади на граѓаните и граѓанските структури, најмногу за заштита на животите на децата;

– Да се прекине со регрутирањето и искористувањето на децата во конфликтите и да се ослободат сите деца, поврзани со насилни или вооружени групи

– Да се запрат произволните апсења и затворања на децата, вклучително и на сите оние задржани заради наводна врска со опозициски вооружени групи.

Децата во Јемен треба да го надминат сето тоа. Тие имат потреба од праведност. Има потреба од траен мир, сега!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот