Јас сум со вас до свршетокот на светот

Јас сум со вас до свршетокот на светот

Нашиот Бог не е отсутен, далечен Бог кој се наоѓа во некое далечно небо, туку е „силно вљубен во човекот кого го сака со толку голема нежност и е неспособен да се оддели од него”.

Папата Фрањо на 26 април 2017 година во катехезата на Генералната аудиенција, која се одржа на плоштадот Свети Петар, зборуваше за Христовите зборови: Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Пред повеќе од 30 илјади верници и поклоници, дојдени за традиционалната седмична средба со папата, Светиот Отец истакна дека „нема да помине ден од нашиот живот, а Божјото срце да не е загрижено за нас”, бидејќи „Бог нè љуби. Ја пренесуваме во целост катехезата на папата Фрањо

Драги браќа и сестри, добар ден!

„Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!” (Матеј 28,20). Овие зборови од Евангелието според Матеј потсетува на пророчкиот текст кој го наоѓаме во првата глава на истото Еванегелие : „Ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ (сп. Матеј 1,23; сп. Исаија 7,14). Бог секогаш ќе биде со нас, до свршетокот на светот. Исус ќе оди со нас во сите денови до свршетокот на светот. Целото Евангелие е содржано во овие два цитати, зборови кои комуницираат за таинството на Бог, чие име и идентите е да биде со нас: Тој не е изолиран Бог, туку Бог е со нас; со нас на посебен начин, односно како човечко битие. Нашиот Бог не е отсутен Бог, затворен во најоддалеченото небо; наместо тоа Тој е Бог вљубен во човекот, и толку многу нежно го љуби, што не може да се одвои од него. Ние луѓето можеме да ги прекинуваме врските и да ги рушиме мостовите. Но тој не. Ако нашето срце олади, неговото секогаш е зажарено. Нашиот Бог постојано нѐ придружува, дури и ако поради несреќа сме го заборавиле. На линијата која ја дели неверата од верата, одлучувачко е откритието дека нашиот Отец нѐ љуби и придружува; никогаш не нѐ напушта. Нашето постоење е ходочастие, одење. Дури и оние кои се мотивирани од чисто човечка надеж, согледуваат заводливост од хоризонтот, што ги поттикнува на истражување на световите кои не ги познаваат. Нашата душа е селидбена. Бибилијата изобилува со настани за ходочасници и патници. Авраамовиот повик започнува со заповед: „Излези од земјата своја“ (Битие, 12,1). И патријархот го остава тој дел од светот, кој добро го познава и кој е еден од колевките на цивилизацијата во тоа време. Сѐ се свртело против смислата на тоа патување. Сепак Авраам поаѓа. Не стануваме зрели, ако не се забележува привлечноста на хоризонтот: границата помеѓу небото и земјата, која народот во одење бара да ја достигне.

На патот во светот, човекот никогаш не е сам. Посебно христијанинот никогаш не се чувствува напуштен, бидејќи Исус нѐ уверува дека нѐ очекува на крајот од нашето долго патување, но и дека не придружува во сите наши денови.

Колку долго ќе трае Божјата грижа за човекот? До кога Господ Исус, кој оди со нас, до кога ќе се грижи за нас? Одговорот од Евангелието не остава простор за сомневање: до свршетокот на светот! Небото и земјата ќе поминат, човечката надеж ќе малакса, но Божјото Слово е поголемо од сите и нема да помине. Тој ќе биде Бог со нас, Бог Исус чекори со нас. Нема да има денови во нашиот живот во кои ќе престане Божјата грижа за нас. Но некој би можел да каже: Што зборувате? Јас го велам следното: Нема да има денови во нашиот живот во кои ќе престане Божјата грижа за нас. Ние сме му важни и чекори со нас, а зошто го прави тоа!? Едноставно затоа што нѐ љуби. Дали ни е јасно? Нѐ љуби! И сигурно дека Бог ќе се погрижи за сите наши потреби и нема да не напушти кога ќе бидеме искушувани и во време на теминина. Секако, потребно е таа сигурност да се вгнезди во нашите срца и никогаш да не згасне. Некој тоа го нарекува „Провидност“, што значи Божја близина, Неговата љубов, Божјото чекорење со нас исто така се нарекува „Божја провидност“. Тој провидува за нашиот живот.

Не случајно меѓу христијанските симболи за надеж е и оној кој посебно ми се допаѓа: сидрото. Изразува дека нашата надеж не е нејасна; Не е збунета со променливите чувства на оние кои сакаат да ги подобрат работите од овој свет

во фантазии, потпирајќи се само на својата сопствена волја. Христијанската надеж, во суштина, своите корени не ги наоѓа во привлечноста за иднината, туку во сигурноста на она што Бог го вети и ги исполни преку Исус Христос. Ако Бог ни гарантира дека никогаш нема да нѐ напушти, ако почетокот на секој повик е „следи ме“ при што Бог постојано оди пред нас, тогаш зошто се грижиме? Со вакво едно ветување христијаните можат да одат каде сакаат. Дури и во подрачјата на ранетиот свет, каде работите не одат најдобро, ние сме меѓу оние кои и понатаму се надеваат. Псалмот вели: Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; (Пслам 22,4) Тоа е токму местото каде се шири темина и каде светлото треба да се држи запалено. Да се вратиме на сидрото: сидрото е она што морепловците го пуштааат на плажата, а потоа се држат за јажето за да го приближат до брегот бродот или чамецот. Нашата вера е сидро закотвено во небото. Нашиот живот е закотвен во небото Што треба да правиме? Да се фатиме за јажето кое постојано е тука: И одиме напред, бидејќи сме сигурни дека нашиот живот е како и сидрото, на небото…

Секако, доколку се потпреме само на сопствените сили, имаме причина да се чувствуваме разочарани и поразени, бидејќи светот често пати се покажува одбоен за законите на љубовта. Многу пати помили му се законите на егоизмот. Но ако во нас преживее сигурноста дека не нѐ напушта, дека нежно нѐ љуби нас и овој свет, тогаш веднаш се менува перспективата. “Homo Viator, spe erectus”, зборувале старите. Сепак Исусовото ветување: Јас сум со вас“ прави да се исправиме, со надеж, верувајќи дека добриот Бог веќе работи на тоа да се исполни она што – човечки гледано – изгледа невозможно, бидејќи сидрото е фрлено на небеската плажа.

Светиот и верен Божји народ се луѓе кои стојат исправено – „homo viator” и оди; „erectus” – исправено; и оди во надеж. И каде и да оди, знае дека му претходи Божјата љубов; не постои ниту еден дел од светот, кој се отргнува од победата на Воскреснатиот Христос. А што е победата на Воскреснатиот: Победа на љубовта. Би благодарам

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот