Јас сакам Радово да е чисто – Сакаш ли и ТИ

Проектот – Јас сакам Радово да е чисто – Сакаш ли и ТИ?! е дел од зафатот кој од крајот на 2014 година го спроведува Парохиски Каритас Радово, како „Развивање на свеста за средината

во која живееме, еколошки проект“. Тоа е Иницијатива за почисто Радово, односно проект кој има за цел активно да ги опфати сите возрасти во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово. Последната акција спроведена на 15 март го потврди истото кога беа опфатени различни дејности: – Поставување канти за смет; Подготвување на терен за засадување на тревник и парк; Чистење на заеднички површини…

Сето тоа во заедничката мисла за приближување на целта да живееме во поубава и почиста средина. Под мотото кое беше дадено од парохот: „Кој работи со задоволство и моли радосен, си го прави среќен сопствениот и животот на оние кои го опкружуваат“.

к.мк/з.и.с

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот