Што им советуваше Падре Пио на исплашените верници за време на пандемијата?

Што им советуваше Падре Пио на исплашените верници за време на пандемијата?

Италија беше опустошена од шпанскиот грип во 1918 година, па исплашените граѓани се обратија до Падре Пио за совет.

Во текот на летото 1918 година, италијанскиот народ исплашен од шпанскиот грип, болест што ги затвори училиштата и ги затвори локалните бизниси.  Тоа беше, како и сега, време на страв и неизвесност поради заразата што се ширеше низ целата земја, пренесува Алетеја.

Исплашени граѓани побарале помош од Падре Пио. Биографијата „Падре Пио -Вистинска приказна“, објавена од „Our Sunday Visitora” го дава одговорот на италијанскиот светец за светската пандемија и советите што им ги дал на своите духовни ќерки кога побарале помош.

„Никогаш не се плаши. Ставете се под заштита на Дева Марија, не грешете и болеста нема да ве порази“ – рекол светецот. Интересно, некои од неговите духовни ќерки се разболеле, но ниту една не починала.

Свети Падре Пио исто така на 17 септември се понуди како жртва за крајот на пандемијата. Набргу потоа ја доби стигмата, видливите знаци на Христовите страдања на неговото тело.

Алатеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот