Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји?

Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји?

Размислување за Петта недела по Педесетница според Евангелието по Матеј 8,28-9,1

Демоните се жалат затоа што Христос дошол предвреме. Тие добро знаат дека времето на доаѓањето на Христа мора да дојде и се плашат, но зарем ние не се плашиме од времето на Божјата посета? Овој дел од Евангелието можеме да кажеме дека е првиот егзорцизам, односно изгонување на зли духови, што ги опишува евангелистот Матеј. Исус доаѓа во една незнабожечка земја за да ги ослободи овие двајца. Исус можеше да седне во Неговата куќа и да чека овие двајца мажи да бидат донесени кај Него, но Исус, наместо тоа, оди за да ги најде и да ги ослободи. Дали сме во состојба да почувствуваме, или подобро да кажано, дали можеме да забалежиме и препознаеме дека многу пати Исус излегува да нè пречека, барајќи нè, бидејќи сме изгубени во паганска земја?

Во оваа земја, за која раскажува евангелистот Матеј, живееле главно незнабожци. Тоа веќе можеме да го видиме од фактот дека одгледувале свињи, бидејќи Евреите не смееле ни да ги допрат овие, за нив, нечисти животни. Гледаме дека демоните кои ги опседнале овие двајца несреќници толку многу се плашеле да се вратат во пеколот, па се подготвени да влезат во свињите. Евангелистот забележува дека двајцата опседнати живееле во гробовите, што значи тоа? Вообичаено, гробовите биле пештери и се сметале за места на нечистотија. Овие луѓе беа толку лоѓи и страшни што другите жители на тој регион се плашеле да одат по тој пат.

Демоните и гревот се способни да ни го попречат патот до спасението, како што овие двајца го блокираа патот на другите луѓе.

Овие опседнати луѓе постојано викаа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш? (Матеј 8,29). Знаат дека Исус Христос е Син Божји, затоа и толку многу се плашат од Него. И гледаме како Божјото Слово, како силата на Исус Христос ги истерува. А демоните Го молат: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињине“.

Во Стариот Завет, морето е местото каде што живеел Левијатанот, морето било место на смрт, место на грев, а кога демоните влегуваат во свињите, се фрлаат во морето, односно се враќаат во својот пекол, во својот дом.

Овчарите побегнале затоа што ги сожалиле свињите, а не ги сожалувале двајцата опседнати лужѓе. Жалат за материјалната загуба. Токму тоа се случува во нашето општество, многу често жалиме за материјалните работи, но не и за човекот.

Целиот град беше исполнет со страв, нешто слично се случува кога се роди Исус. Евангелието вели дека цел Ерусалим бил вознемирен, исто и сега Господ е тука, ги ослободува овие двајца, но градот не сака да Го прими. Зошто не сака да Го прифати, затоа што им е жал за свињите?

За што повеќе жалиме во животот? Дали ни е жал за некој човек или секој од нас има нешто што ни е поважно, повредно, како овие свињи? Ајде да размислиме: за што жалиме или што е она што не сакаме да го изгубиме?

Господ денес вели дека треба да го отфрлиме она што е грешно, како реагираме кога некој човек ќе се врати во својот дом, во Црквата, човек кој се покајал за своите зли дела. Многу често слушаме за некои лужѓе дека во одреден период од животот ја прогонувале и уништувале црквата, но сега се побожни. Зошто не можеме да се радуваме што некој се кае, што некој се враќа во домот на Отецот? Зошто нашите срца се занимаваат само со материјални работи? Има ситуации кога Божјото присуство може да создаде непријатност, но дали во овие ситуации избираме дали да живееме според Божјото Слово или да живееме според нашите желби?

к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот