Шести ден: Он покажа сила со раката Своја

Шести ден: Он покажа сила со раката Своја

Почитуван читателу,

Нека Бог ти даде сила во моментите на искушение, посебно кога си во тешкотии и проблеми во твојот живот.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

Он покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се гордеат со мислите во срцата свои. Бог не би можел да изврши дело поголемо од откупувањето на човекот зашто тоа е навистина дело на Божјата рака т.е. на самата сила и цврстина Божја. Со смиреноста и понижуването на Единородниот свој Син, кој стана човек и жртва за луѓето Бог Отец го победи кнезот на овој свет и другите непокорни духови кои горделиво кажаа во своето срце: „Ние сме богови, затоа не сакаме Бог да царува над нас”. На тој начин Бог нѐ ослободи од ропството на ѓаволот и нѐ направи свои чеда и сонаследници на вечното небесно царство.Величај го душо моја твојот добар небесен Отец кој ти го даде за Спасител својот Син и тој е за тебе вистинскиот Исус т.е.Спасител.

Прашања:

Како издржувам кога се наоѓам во моменти на искушение? Дали барам помош од Бог?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот