Чудото на Богородица во Хирошима

Чудото на Богородица во Хирошима

Светот ја одбележува годишнината од фрлањето на првата атомска бомба во историјата врз јапонскиот град Хирошима, што ја принуди Јапонија на капитулација и стави крај на Втората светска војна, а јапонскиот град од таа трагедија стана симбол на мирот.

Меѓу 70.000 и 80.000 луѓе се убиени во првите секунди, а во наредните месеци бројот на загинати се искачи на 140.000.

Но, големата трагедија во Хирошима има и друга страна.

Отец Хуберт Шифер С.И. (1915-1982) бил еден од осумте германски Исусовци кои го преживеаја атомскиот напад врз Хирошима. Тие биле само осум блока подалеку од местото на експлозијата. Но, не само што ја преживеале експлозијата, туку и последиците од зрачењето. Лекарите кои ги прегледале и ја следеле нивната состојба биле зачудени од фактот дека тие не покажале знаци на радијациска болест.

Кога бомбата експлодирала во 20.15 часот тие се наоѓале во своите соби во парохискиот двор. Се појавила силна светлина и речиси во истиот момент започнало кршење на стаклата, sидовите и мебелот почнале да паѓаат. Биле покриени со парчиња стакло и ѕидови. Дел од ѕидот паднал врз отец Шифер и се здобил со тешка повреда на главата, додека другите браќа биле исфрлени како лисја од ветрот од силната експлозија.

Единствената зграда која останала на нејзино место речиси недопрена била црквата.

Обично се верува дека сите загинале во исто време кои се наоѓале во круг од 1,5 километри од експлозијата, како и оние што биле надвор од кругот на експлозијата, како последица од зрачењето. Единствената повреда што ја имал отец Шифер била повреда на главата. Откако Јапонија се предала, американските лекари му кажале на отец Шифер дека неговото тело полека ќе се распадне како резултат од изложеноста на радијацијата. Но на нивно изненадување, тоа не се случило.

Со добро здравје живеел уште 33 години, а останатите осум членови на Исусовската заедница во Хирошима живееле долго време без никакви здравствени последици.

Отец Шифер го припишува ова чудо и се заблагодарува на Богородица од Фатима на која и беше посветен и на која посебно ја почитуваше преку секојдневната молитва Света Бројаница. Тој верува дека бил заштитен од Богородица од експлозијата и сите смртоносни последици од радијацијата.

Атомска бомба на база на ураниум наречена „Little Boy“ односно „Мало момче“ била фрлена од 9.400 метри висина од американски бомбардер Б-29 во 08.15 часот по локално време.

По наредба на тогашниот американски претседател Хари С. Труман, нуклеарната бомба од 15 килотони со 60 килограми ураниум експлодирала на надморска височина од околу 600 метри, предизвикувајќи топлотен бран до 5.000 степени целзиусови, силен бран од 800 км/ч и огнени бури кои уништија скоро сѐ на дванаесет квадратни милји.

Меѓугорје инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот