Чудотворното римско распетие ќе биде поставено на Плоштадот Свети Петар

Чудотворното римско распетие ќе биде поставено на Плоштадот Свети Петар

Чудотворното распетие пред кој Папата на 15 март 2020 се молеше за престанок на пандемијата, симнато е од олтарот на црквата Сан Марчело ал Корсо и ќе биде поставено на Плоштадот Свети Петар, за да биде таму во петок на 27 март за време на благословот „Urbi et Orbi”.

Распетието беше земено од црквата од ватиканскиот персонал во среда, на 25 март, во вечерните часови и се очекува привремено да се постави на Плоштадот Свети Петар на 26 март.

Римјаните распетието го почитуваат како чудотворно откако единствено тоа останало недопрено за време на пожарот кој ја опустоши црквата на 23 март 1519 година. Не поминаа ниту три години од тој настан, кога Италијанската престолнина ја погоди „црната смрт“ – чума. Тогаш на инсистирање на римските католици распетието беше носено од манастирот на монахињите Мариини служителки од Виа Дел Корсо до Плоштадот на свети Петар, застанувајќи во секоја римска област. Процесијата траела 16 дена, од 4 до 20 август 1522 година, а кога распетието беше вратено во црквата Сан Марчело, чумата се повлече од Рим.

Тоа оттогаш во процесија се носи до Плоштадот на свети Петар секоја римска света година – отприлика на секои 50 години – а на задниот дел има врежани имиња на секој Папа кој бил сведок на таа процесија. Последното врежано име е на свети Иван Павле II, кој распетието го прегрна на Денот на простувањето за време на јубиларната 2000 година.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот