Човекот кој ја палеше Библијата

Човекот кој ја палеше Библијата

Ја читам Библијата два до три пати годишно и секогаш ми се отворат некои нови сознанија. И што сѐ не правев со Библијата – ја кинев на парчиња, ја горев! И Бог беше толку милостив и ми Го објасни Своето Слово. 

Божјото ветување кое произлегува од Неговото Слово дека ќе се грижи за нас повторно се исполни. Морав само да возвратам за довербата во неговото Слово. Да се држи Бог за збор, тоа стана моја секојдневна вежба. Во многу ситуации, ова се покажа точно. И што сѐ не правев со Божјото Слово – го кинев на парчиња, го палев, го пушев! А Бог беше толку милостив и ми Го објасни Своето Слово. Не само што го имав само во белите дробови, туку наскоро го најде и патот до моето срце. Можеби токму затоа ја негував таквата блискост со Библијата, сигурно затоа ми е толку многу скапоцена.

Кога почнав да ја читам Библијата, во затворот веќе ме посетуваа многу христијански групи и ми носеа купишта книги. Љубезно ми ги препорачуваа книгите „Исус, наша судбина” од Вилхелм Буш или „Мир со Бога” од Били Грем. На мое изненадување, никој не ми рече: „Хелми, читај ја Библијата!“

Сите имаа добри намери. И во тие книги нема ништо лошо, можат да бидат од голема помош. Но интуитивно знаев: Ако вистински сакам да го запознам Бога, нема да читам било какви книги, туку една, единствена книга.

Ако сакам да дознам нешто за простувањето, ја читам Библијата. Исто така, за послушноста, за духовната дисциплина, за радоста и слободата, за Светиот Дух или љубовта кон Бога. Другите книги се важни. Но, ако сакам да напредувам во верскиот живот, тогаш Библијата е за мене првата адреса на која се обраќам. Ја читам Библијата два до три пати годишно. И секогаш ми се отворат некои нови сознанија

Боок/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот