Чилеанските близнаци чија мајка одби да ги абортира денес се свештеници

Во почетокот на 1984 година ултразвукот на утробата на чилеанката Роса Силва покажа бебе со три раце и две глави.

Лекарите инсистираа на абортус, меѓутоа таа тоа енергично го одби, бидејќи беше подготвена да прифати „сè што Бог ќе и испрати, па Бог не и испрати дете со оштетувања, туку два сина близнаци кои се денес свештеници, Фелипе и Пауло. Идентични со изглед и со повик, Фелипе и Пауло Лизама секогаш делеле сè: исто образование, пријатели, спортски активности, биле истакнати фудбалски играчи во клубот Коло Коло и вистински верници. Многумина се изненадиле кога обајцата се одѕвале на повикот за посветен живот. Во интервју за АЦИ Пренс, сегашните оци Фелипе и Пауло ја раскажаа трогателната приказна за своето раѓање.

Нивните родители Хумберто Лизама и Роса Силва работеле како помошен лекарски персонал, а нивната сестра Паула имала четири години кога Роса повторно забременила. Семејството живеело во местото Лагунилас де Казабланка, Валпараисо, Чиле. Извршувајќи ја својата должност како помошен лекарски персонал и не знаејќи дека е бремена Роса се изложила на рендгенско зрачење, поради што откако дознала дека е бремена отишла на ултразвук.

Лекарот предупредил дека гледа „нешто чудно“, рекол дека „la guagua“ (бебето) доаѓа со три раце, дека нозете се некако испреплетени и уште полошо дека има две глави, ни раскажува Пауло.

Иако во Чиле во тоа време абортусот бил дозволен „од терапевтски причини“, а лекарите рекле дека животот ѝ е загрозен поради таква бременост, Роса се спротивставила на тоа, и рекла дека ќе прифати сè што нејзе „Бог ќе ѝ прати“.

„Господ делуваше и создаде близнаци, не знам дали лекарот погреши“, тврди Фелипе, а Пауло додава: секогаш мислам со посебна љубов и нежност какво е тоа мајчинско срце кога била спремна да го ризикува својот живот поради мене, поради нас.

Браќата Лизама се родени на 10 септември 1984 година. Прво се родил Фелипе, меѓутоа плацентата не се одвојувала, па лекарите предложиле да ја отстранат со стругање, меѓутоа мајката тоа го одбила, бидејќи чувствувала дека и второ дете треба да дојде, Пауло се родил 17 минути покасно.

„Овој последниот дел е посебно важен за мене, лекарите со некои инструменти би пробале да ја извлечат плацентата која никако не излегувала. Мојата мајка знаела дека јас сум тука. Каснев, меѓутоа дојдов, а да го направеле тоа со стругање најверојатно би се здобил со тешки оштетувања“, рече Пауло.

Близнаците ја дознале оваа приказна кога биле во шестара година од образованието во семинаријата. Нема сомнеж дека мудроста на нивната мајка и нејзиното благородно срце одредиле да ја дознаат оваа трогателна приказна во вистинскиот момент, тврди Пауло.

Секогаш мислел дека повикот за посветен живот се појавил во раната младост, меѓутоа покасно сфатил дека Бог го започнал тоа со неговото зачнување, а упорноста на нивната мајка го овозможила тоа.

„Како да не се бориме за животот? Како да не проповедаме за животот? Оваа случка го одредила мојот повик, ми дала посебна виталност и поради тоа можев да се предадам вистински на својата вера. Во потполност знам во што верувам, кој сум и што говорам, едноставно тоа е Божјо дело“, додава.

Повик за посветен живот

Детството на браќата Лизама поминало во школување, домашно католичко воспитување, веронаука во месната црква и љубов кон фудбалот. Од мали нозе одевме на света Литургија во недела и нè водеа редовно на молитви во месецот посветен на Марија, во Чиле тоа е во ноември.

После Првата света Причест, поради фудбалот престанале да одат редовно на света Литургија. (…) Одлучиле да го напуштат фудбалот кога имале 16 години. Во тие болни моменти поради распаѓањето на семејството почнале поактивно да учествуваат во работата на парохијата „Virgen de Nuestra Senora de las Mercedes“ во Лагунилас каде се подготвувале за Миропомазание.

Пауло сметал дека учествувањето во парохиските активности значи да се запознаат нови пријатели и да се исполнат викендите. „Не верував длабоко вистински во Господ и во чистотата на Светите Тајни“ тврди и се присетува како за време на обожавањето на Пресветото влегол во црквата и грегоријанските песни, монстранцата, мирисот на темјанот, тишината, присуството на Господ го направиле своето, и тогаш рекол: „Тоа е за мене“.

Од друга страна Фелипе почувствувал некое задоволство за Божјите работи, бидејќи ја запознал Црквата одвнатре работејќи со о. Рајналдо Осорио, водител на семинаријата која тие покасно ја посетувале. „Бог ме повика“. Сфатив дека со Бог и со Божјите намисли сум среќен, немаше место за сомнеж, сакав да бидам свештеник“, објасни Фелипе.

Иако биле многу блиски еден на друг ништо не спомнале за повикот за посветен живот. „Мислам дека и тука Бог одработи добра работа за да ја заштити слободата во одговорот кога не прашуваат кој од нас двајца прв почувствува потреба да одговори на поканата. Ако јас мислев да одговорам на повикот кој го исполнува моето срце, зошто тоа не би го направил и мојот брат“? се присетува Пауло.

Кога наполниле 18 години и го завршиле редовното образование на 8 март 2003 година пристапиле во семинаријата „Pontificio Seminario Mayor San Rafael Lo Vazquez“. За семејството не било лесно да прифати дека двајцата така одлучиле, меѓутоа после првата година Роса го променила своето мислење. „Мојата мајка ми призна дека е мирна, бидејќи гледа дека сме среќни“, тврди Фелипе.

Близнаците се ракоположени за ѓакони во септември 2011 година, а на 28 април 2012 година се ракоположени за свештеници од страна на бискупот на Валпараисо монсињор Гонзало Дуарте Гарсија. Тој ист ден служеле прва света Литургија заедно во родната парохија „Nuestra Senora de las Mercedes“ во Лагунилас. Фелипе предводел, а Пауло концелебрирал. После повеќе од година дена отец Фелипе ја добива службата во парохијата „San Martin de Tours de Quillota“ а отец Пауло во парохијата „Asuncion de Achupallas“, Vina del Mar, каде по задолжение од бискупот го води Бискупскиот пасторал за млади. Обраќајќи се на младите кои го чувствуваат Божјиот повик одблизу да го следат, отец Фелипе вели дека „Бог не се поигрува со нас. Сака да бидеме среќни и дека свештенството е прекрасен повик кој тотално нè исполнува“. Отец Пауло додава дека не е лесно да се тргне на Исусовиот пат меѓутоа е прекрасно. „Исус, Црквата, светот имаат потреба од нас. Меѓутоа не им е потребен бил кое момче, им требаат момчиња полни со Господовата вистина, така да нивниот живот пренесува живот, насмевката и погледот да покажуваат надеж, а делата да бидат исполнети со љубов“, тврди Пауло.

Меѓугорје инфо/С.С.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот