Често се лутите и навредувате? Прочитајте ја оваа поучна приказна

Искусниот учител мудро го советувал својот ученик како да се ослободи од лутината.

Ученикот го прашал учителот: „Толку си мудар, добро расположен, никогаш не се лутиш. Помогни ми и јас да станам таков.“

Учителот прифатил и го замолил ученикот да донесе компир и една вреќа.

„Кога ќе се налутиш на некого и ќе бидеш навреден“, рекол учителот, „земи еден компир и на него напиши го името на човекот со кој си се скарал, а потоа компирот стави го во вреќа.“

„И тоа е сѐ?“ – прашал изненаден ученикот.

„Не“, одговорил учителот, „потребно е секогаш да ја носиш со себе таа вреќа и секогаш кога ќе се почуствуваш навредено стави компир во неа.“

Ученикот прифатил. Поминало некое време. Вреќата се полнела со компири и станала прилично тешка. Било многу незгодно постојано да се носи со себе. Компирите почнале да се расипуваат. Некои изгниле и ширеле непријатен мирис.

„Невозможно е ова да се носи со себе.“ Вреќата е премногу тешка, а компирите се расипаа.“

Учителот на тоа одговорил:

„Тоа истото се случува и во твојата душа. Кога ќе се налутиш на некого или навредиш, во твојата душа се создава голем товар иако не го забележуваш веднаш. Потоа тој товар станува поголем. Постапките се претвораат во навики, а навиките во карактер кој раѓа пороци кои смрдат. И лесно би заборавиле на тој товар ако не стане многу тежок за да го носиме постојано со себе. Ти дадов можност од страна да го гледаш целиот тој процес. Секојпат кога ќе одлучиш да се скараш, да го навредиш, или да му нанесеш на некој навреда, размисли дали ти е потребен тој товар.“

Меѓугорје-инфо/к.мк/Валентина Алаџова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот