Честитка по повод Велигден од Богопосветените лица

Честитка по повод Велигден од Богопосветените лица

На 13 април 2022 година Богопосветените лица од градот Скопје го посетија Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, честитајќи му го големиот христијански празник Велигден.

Во име на богопосветените лица, оваа година честитка изрече катедралниот парохиски викар дон Давид Регаладо и управител на парохијата во Битола, којшто меѓу другото истакна: Драги оче бискупе, денес сме овде во име на сите богопосветени лица да ви посакаме благословен и среќен Велигден. Благодарни сме за Вашето служење како пастир на оваа месна древна црква и на малото, убаво и разнолико стадо. Свесни сме за неизвесните времиња низ кои што минуваме и исто така цврсто знаеме дека еден без друг не можеме да одиме кон Воскреснатиот Христос, одејќи заедно како учениците кон Емаус ја искусуваме неизмерно топлината на Исусовата присутност и лековитата сила на Неговото Слово.

Од свое име бискупот Стојанов изрази искрена благодарност до Богопосветените лица за нивната честитка, но пред се за нивната ангажираност во навестувањето на Радосната вест, а воедно и ги охрабри да продолжат секогаш ревносно да го навестуваат Воскреснатиот Христос.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот