Честитка од Меѓународната епископска конференција Свети Кирил и Методиј до новоизбраниот патријарх на СПЦ Порфириј

Честитка од Меѓународната епископска конференција Свети Кирил и Методиј до новоизбраниот патријарх на СПЦ Порфириј

Меѓународната епископска конференција Свети Кирил и Методиј на 18 февруари упати честитка до новоизбраниот патријарх на Српската православна црква Порфириј. Честитката на Меѓународната епископска конференција Свети Кирил и Методиј ја пренесуваме во целост.

Ваша Светост!

Во името на сите надбискупи и бискупи на Меѓународната епископска конференција, целиот клер, богопосветените лица и верниците лаици од католичка вероисповед во Република Србија, како и во свое лично име, искрено Ви го честитам изборот за архиепископ печки, митрополит белградско-карловачки и патријарх српски!

Ова навистина е голем ден за Српската православна Црква и за сите жители на нашата држава. Патријархот на Српската православна црква како светилник има незаменлива улога во насочувањето, не само на Црквата и верниците, туку и на целото наше општество, кон вистинските и неминливи евангелски вредности, воден од Вистината, Исус Христос на кого му заблагодаруваме за вашиот избор  и му искажуваме слава.

Нека Троединиот Бог го благослови Вашиот избор на чесниот трон печки патријарх, со Божја помош и заштита да можете да ја извршите светата мисија која Господ Ви ја доверува, продолжувајќи по стапките на Вашите богоугодни претходници.

Во оваа време полно со предизвици и потешкотии, ние претставниците на Католичката црква во Република Србија, Ви ја пружиме раката за соработка со желба секоја според својата од Духот Божји доверена мисија придонесеме за напредок како на нашите Цркви така и на сите луѓе со добра волја во Република Србија.

На светиот и високодостојниот господин Профириј, со милоста Божја архиепископ печки, митрополит белградско – карловачки и патријарх српски: На многаја лета!

Со изрази на длабока почит,

Монс. др. Ладислав Немет, SVD, зрењанински епископ претседател на Меѓународната епископска конференција

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Порфириј, СПЦ

За авторот