Честитка на о. Јосиф Алоати за Божиќ 1905 година …

Честитка на о. Јосиф Алоати за Божиќ 1905 година …

Божиќ ни беше многу мил празник уште повеќе затоа што на вториот ден го празнувавме именденот на отец Јосиф.

За Нова Година нѐ очекуваше нова радост. Обично отец Јосиф отсуствуваше, но тогаш нашата мајка го заменуваше. Сѐ уште се сеќавам на убавата честитка што ни ја испрати во 1905 година по нашите искажани желби:

– Деца мои, вие ми посакавте многу убави работи: здравје, долги години и сѐ што сакам. Мојот ред е да ви упатам и јас една убава желба, а тоа е напишано во цифрите на 1905 година. Бројот 1 да ве потсетува дека има еден Бог и дека треба да живеете во Неговото присуство. Бројот 9 да ве потсетува на деветте ангели. Бројот 0 дека не треба да направите никаков грев во нашата куќа. А бројот 5 ни ги покажува петте рани на Исус. Во нив треба да ја поминете оваа благодатна година која Бог ни ја дава…

(текстот е извадок од книгата „Благородното дело на отец Јосиф и на сестра Еврозија Алоати“ од д-р Христо Драгов)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот