Чесни сестри отвориле карантин за болни од коронавирусот

Чесни сестри отвориле карантин за болни од коронавирусот

Чесната мајка на манастирот од Господ моли да ги благослови сите оние кои ја овозможија реализацијата на овој проект, но и за оние кои ќе ги користат просториите.

Сестрите Фрањевки од перуанската провинција Ица бесплатно ги понудија своите простории кои од сега ќе служат како привремен карантин за пациенти заболени од коронавирусот, кои се асимптоматични или покажуваат благи симптоми на болеста – пренесува CNА.

Привременото престојувалиште е отворено на 14 јули во градот Ла Тингуин во покраината Ица, која поради големиот број случаи на заразени од коронавирусот уште се наоѓа во така наречен lockdown.

Локалните медиуми пишуваат дека поглаварката на манастирот, мајка Роза Фернандез, истакнува дека се отворени собите за заразените кои имаат потреба од карантин. Секоја од триесетте соби, колку што се опремени за болните, има сопствена бања.

Чесната мајка на манастирот при отворањето од Господ моли да ги благослови сите оние кои ја овозможија реализацијата на овој проект, но и за оние кои ќе ги користат собите. „Ако нашата скромна куќа може да ви биде од корист, тогаш еве ја, ви стои на располагање..:“ – изјавила сестра Фернандез.

Градоначалникот на Ла Тингуин Хуан Хернандез потврдува дека чесните сестри ја нудат својата куќа потполно бесплатно за болните од коронавирусот. Според податоците од Министерството за здравство во Перу има повеќе од 330 илјади заразени, а од коронавирусот починале повеќе од 12 илјади луѓе. Перу во моментов е петта земја во светот според бројот на заоблени од коронавирусот.

CNА /к.мк

Фото: Flickr.com/Catholic Church of England and Wales

Категорија: Вести, Свет

За авторот