Чесна сестра воодушеви на талент шоу

И чесните сестри имаат право да настапуваат во популарни шоу емисии, нели? Не дека ги гледаме често, но ако навстина го можат она што го може сестра Кристина, тогаш нека ги има повеќе. Сестра Кристина Скучија (25), припадничка на урсулинките со потекло од Сицилија која во моментот служи во Милано, ги воодушеви во среда гледачите и жирито на шоуто „Глас“.

Скучија е како вистинска поп ѕвезда, без грешка го отпеа хитот од Алиша Кис „’No One’, а по завршувањето на настапот раскажа дека од секогаш сакала да стане пејачка и дека се замонашила во време додека ја посетувала музичката академија Star Rose во Рим затоа што тогаш сфатила дека нејзиниот повик е да му служи на Бог со своите сестри.

Некои од нив сесрдно навивале за Скучија зад сцената што на сите пред екраните им привлече насмевка, а фантастично беше и да се видат лицата на членовите на жирито кои од од прва не знаеле која е и што е натпреварувачката.

Сестра Кристина гледачите ќе ја видат повторно и сѐ до тогаш љубопитно се прашуваат што ќе им приреди.

Лаудато/ Д.И.

Категорија: Свет

За авторот