Црквата во Пакистан ја прогласи 2020 година за „Година на младите“

Црквата во Пакистан ја прогласи 2020 година за „Година на младите“

Црквата во Пакистан верува дека младите се одговорни за промените во општеството и дека можат да имаат одлучувачка улога во нацијата

Пакистанската бискупска конференција ја прогласи 2020 година за „Година на младите“. Таа одлука е во согласност со упатствата кои се произлезени од последната Епископска синода во Ватикан – истакна за Фидес, претседателот на Пакистанската бискупска конференција, надбискупот Јозеф Аршад. Црквата во Пакистан верува дека младите се одговорни за промените во општеството и дека можат да имаат одлучувачка улога во нацијата, посебно во промовирањето на еванагелието на мирот преку пријателство и заедништво меѓу младите, кои припаѓаат на различните религии, етнички групи и култури.

Годината на младите ќе ги вклучи сите католички заедници и подразбира дарување и ширење на вредностите на евангелската љубов, надеж, единство, мир и меѓусебно почитување како младите би можеле да го негуваат единството, мирот и заедништвото во пакистанското општество, нудејќи  пример за соживот меѓу луѓето од различни вери.

Со тој поглед пакистанскиот Каритас заедно со други здруженија, како што е „Jesus Youth Pakistan“, започна проект „Млади за мир“, повикувајќи ги младите да бидат градители на мирот. Цел е преку нив да допрат до младите муслимани, хиндуси и други верски групи, како би се допрело и до целото пакистанско општество

Работиме на тоа во сите да се роди свеста дека заедништвото и мирот се заедничко добро и главна цел за целата нација – истакнува Комисијата на Пакистанската бискупска конференција „Правда и мир“. Важно е да се започне со таква работа и да се подигне свеста во училиштата и во образованието на младите. Нетолеранцијата и омразата често пати се јавува и во училишните клупи. Иднината на Пакистан зависи од тоа колку вредностите како мирот и правдата ќе влезат во образованието на новите генерации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот