Црквата во Аргентина ја критикува владата за вакцинирање на привилегирани лица

Црквата во Аргентина ја критикува владата за вакцинирање на привилегирани лица

Католичката црква во Аргентина ја критикува владата на таа латиноамериканска земја поради привилегираното вакцинирање на политичари, приврзаници на владата и медиумите.

Надбискупот Хорхе Едуардо Шејниг (Мерцедес-Лухан) истакна дека тековните настани покажуваат злоупотреба на моќта, пишува весникот „Ла Национ“ на 24 февруари. Левичарската влада на претседателот Алберто Фернандез треба да покаже поголема одговорност и да ги избегнува привилегиите. Вакцинацијата не смее да биде резервирана за привилегирани групи, истакнува монс. Шејниг.

И претседателот на Аргентинската бискупска конференција, епископот Оскар Охеа ги потсети политичарите дека „вакцините се предвидени за сите Аргентинци и не смеат да се политизираат“.

Поради скандалот кој се случи во Аргентина околу вакцинирањето на привилегирани лица, министерот за здравство Гинес Гонзалес Гарсија поднесе оставка. Претседателот Фернандез пак ги обвинува медиумите за предизвикување скандал.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот