Цивилните жртви ја плаќаат цената на војната

Во наговорот пред молитвата Ангел Господов Папата се осврна на денешниот евангелски дел во кој Исус зборува за правилниот став во вид на конечната средба со Него. На крајот повика на блискост и солидарност со жртви од војната во Сирија.

За жал од Сирија и понатаму стигнуваат вести за цивилни жртви од војната посебно од Алепо. Неприфатливо е толку беспомошни луѓе – вклучувајќи многу деца – мора да ја плаќаат цената на конфликтот, цената на затвореното срце и недостатокот на волја за мир од страна на моќните. Блиски сме во молитвата и солидарноста со сириските браќа и сестри и ги доверуваме на мајчината заштита на Дева Марија – рече папата Фрањо по молитвата Ангел Господов на 7 август 2016 година.

Во наговорот пред молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на денешниот евангелски дел во кој Исус зборува за правилниот став во вид на конечната средба со Него и објаснува дека таа средба треба да поттикне на живот кој е богат со добри дела.

Исус вели: „Продајте си ги имотите ваши и давајте милостиња! Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде.“ Тоа е повик да се вреднува милостињата како дело на милосрдието, довербата да не се полага во минливи добра, туку да се користи без наврзаност – објасни Папата. „Можеме толку да бидеме наврзани на пари, да имаме многу работи, но на крајот нема да можеме да ги понесеме со себе. Сетете се дека „смртниот капак нема џебови.“

Христос изнесува три кратки параболи на темата будност. Првата е за слугата кој ноќта чека да се врати господарот. Господ доаѓа секој ден, тропа на вратата на нашето срце. Блажен ќе биде оној кој ќе му отвори затоа, што ќе има голема награда: всушност Господ сам се прави слуга на својот слуга; на големата гозба во Царството Тој самиот ќе ги послужува – рече папата Фрањо.

„Со таа парабола сместена во ноќта Исус го опишува животот како бдение во активно чекање кое воведува во блескавиот ден на вечноста. За да му се пристапи треба да се биде подготвен и зафатен со служење на другите, во утешителна перспектива дека „таму“ повеќе нема да бидеме ние кои ќе му служиме на Бог, туку Тој самиот ќе нè прими на својата трпеза – рече Светиот Отец. „Тоа се случува веќе сега, секој пат кога се среќаваме со Господ во молитвата или во служењето на сиромашните, а пред сè во Евхаристијата каде што тој подготвува гозба за да нè храни со своето Слово и со своето Тело.“

Втората парабола е непредвиденото доаѓање на крадецот. Тоа поттикнува на будност според Исусовите зборови: „И вие значи бидете подготвени: зашто во кој час не мислите ќе дојде Синот Човечки.“ Таа перспектива се дообјаснува со третата парабола: за управувањето на домот по заминувањето на господарот. Управникот кој верно ја извршува својата задача прима награда. Управникот кој го злоупотребува својот авторитет и ги бие слугите господарот ќе го казни. „Таа сцена“ – рече Папата – „ја опишува ситуацијата која е честа и во нашите денови: толку неправдини, насилство и секојдневни злоупотреби се раѓаат од идејата дека можеме да се однесуваме како господари на туѓите животи.“ „Ние имаме само еден господар на кој не му се допаѓа да го викаме „господар“ туку „Отец“. Ние сите сме слуги, грешници и деца: Он е единствениот Отец“ – рече Папата.

„Исус денес сè потсетува дека чекањето на вечното блаженство не нè разрешува од настојувањата светот да го направиме поправеден и посоодветен за живот. Уште повеќе што токму таа наша надеж зa Царство во вечноста нè поттикнува да работиме за подобрување на условите за земскиот живот, посебно за најслабите браќа“ – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот