Целиот наш живот е подготовка за средба со Бог

Целиот наш живот е подготовка за средба со Бог

Секоја добро направена исповед е охрабрување кое го примаме од Господа за нашиот иден пат, без малодушност, без жалост, ослободени од своите беди…

Гласот на оној што вика во пустињата говори: „Пригответе му пат на Господ, прави направете ги во пустињата патеките за нашиот Бог; Секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините, да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети;“ (Исаија 40, 3-4).

Најдобриот начин да ја подготвиме својата душа за Божјото доаѓање е добро да се подготвиме за Исповед. Потребата за оваа света Tајна, извор на милости и милосрдие во целиот наш живот, посебно доаѓа до израз во оваа време кога литургијата нѐ поттикнува и охрабрува за исчекувањето на Божиќ.

Ни предлага вака да молиме: „Боже, ти го испрати на свет својот единороден Син за да го ослободиш човечкиот род од старото ропство; ние го чекаме неговото доаѓање: награди нѐ со вистинска слобода.“

Исповедта со светата Евхаристија е света Тајна кој нѐ подготвува и за конечната средба со Христос на крајот од нашиот живот. Целиот наш живот е непрекинат адвент, исчекување на последниот момент за кој не престануваме да се подготвуваме од ден на ден. Нѐ утешува помислата дека и самиот Господ ревносно сака да бидеме со Него „во ново небо и нова земја.“

Секоја добро направена исповед е охрабрување кое го примаме од Господ за нашиот иден пат, без малодушност, без жалост, ослободени од своите беди. И Христос одново ни зборува: „Храбро, синко, ти се отпуштаат твоите гревови“, синко, започни уште еднаш. Тој самиот ни простува после понизното исповедување на нашите гревови. Ги исповедаме своите гревови на „самиот Бог“, нѐ потсетува Иван Павле II, „иако во исповедалницата слуша човек – свештеник. Тој човек е понизен и верен служител на тоа големо таинство кое се исполнило помеѓу синот, кој се враќа, и Отецот.“

Причините на злото не треба да ги бараме надвор од човекот, туку напротив во внатрешноста на неговото срце; а и лекот исто така доаѓа од срцето. Затоа христијаните, со искреност на сопствените напори за преобраќање, мора да се побунат против криењето во човекот и сопствениот живот да го вршат во радост со вистинско ослободување од гревовите (…) милост за искрено каење, цврста намера за покајание и искрена исповед на гревовите.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот