Царице небесна: Да му ги принесеме на Бога страдањата на светот

Царице небесна: Да му ги принесеме на Бога страдањата на светот

Да се сака без интерес и да се моли за надежите и страдањата на човештвото. Ова се поуките што ги истакна папата Фрањо во своето пладневна обраќање пред молитвата Царице небесна, осврнувајќи се на литургиското Евангелие на празникот Вознесение Господово, гестовите што Исус ги прави пред вознесението на небото, кога го најавува на учениците дарот на Светиот Дух и кога ги благословува.

Исус никогаш не нè напушта; давајќи ни го Светиот Дух останува присутен во нас за да нè направи негови сведоци во светот и, вознесувајќи се кај Отецот, ја носи со себе нашата човеност за да се застапува секогаш за нас. Нека ни биде пример и во нашите животи. Ова се главните мисли што ги предложи папата Фрањо во неговото пладневно обраќање во недела 29 мај 2022 година, кое во Италија и во многу други земји го слават Вознесението Господово, неговото вознесението на небото и неговото последно објавување пред учениците. Врвот на животот на Исус на земјата е во вознесението – како што исповедаме во Символот на верата – во враќањето кај Отецот и пред да го испрати Светиот Дух врз учениците и откако ги благослови. Ова се двата гестови за кои зборуваше папата Фрањо во своето обраќање, за потоа да се наврати на нашите животи и на нашето секојдневие.

Исус најпрво им вели на своите пријатели: „Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец“. Зборува за Светиот Дух, Утешителот, Оној кој ќе ги придружува, води, поддржува во нивното послание, ќе ги штити во духовните битки. Затоа, да разбереме една важна работа: Исус не ги напушта своите ученици. Тој се вознесува на небото, но не ги остава сами. Напротив, самото вознесение кај Отецот го гарантира излевањето на Светиот Дух, неговиот Дух – истакна Папата.

Вистинската љубов е близината, која нѐ притиска

Во чинот на одделувањето, Исус ни го гарантира неговото пристуство, надвор од временските и просторните препреки, секогаш присутен во нас, благодарение на дарот на Светиот Дух кој нè прави негови слободни и радосни сведоци. И во ова се гледа љубовта на Исус кон нас; неговото присуство не сака да ни ја ограничи слободата. Напротив, ни дава простор, бидејќи вистинската љубов секогаш создава близина, која нѐ притиска, не е посесивна, блиска е, но не е посесивна. Вистинската љубов нè прави протагонисти – истакна Папата.

Со Исус секогаш ќе бидеме пред Отецот

Како свештеник, Исус потоа ги крева рацете и ги благословува апостолите. Додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото – се вели во Евангелието според Лука. Тоа е – објасни Папата – свештенички гест кој повторно зборува за божествената љубов затоа што во моментот на разделбата Исус ја презема нашата човечност и му ја подарува на Отецот секогаш да се застапува за нас.

На овој начин, пред очите на Отецот се, и секогаш ќе бидат, со Исусовата човечност, нашите животи, нашите надежи, нашите рани. Значи, додека го извршува своето вознесение на небото, Христос ни го подготвува патот, оди да ни подготви место и отсега натаму се застапува за нас, за Отецот секогаш да нè придружува и благословува.

Да се залагаме за мир во светот, да ги благословуваме оние што ќе ги сретнеме

Сето тоа зборува за нашите животи и за нас; затоа Папата го посвети последниот дел од своето неделно размислување за да се преиспитаме себеси за сведоштвото што го даваме како христијани и за нашата способност да сакаме. Дали ги оставаме другите слободни со тоа што им даваме простор? Дали се молиме за нив или ги користиме за свои интереси? – праша папата Фрањо и поттикна: Да ја научиме посредничката молитва, застапувањето за надежите и страдањата на овој свет, застапништвото за мир. И да ги благословиме со поглед и зборови оние што секојдневно ги среќаваме!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот