Христос се роди – славете Го!

Христос се роди – славете Го!

Почитувани читатели на нашата страница!

Божиќ е време на простување и љубов. На овој ден сакаме да ја почувствуваме љубовта на нашите ближни, да му благодариме на Бога за животот и за сè што имаме. И што е најважно, за време на овие божиќни празници да ги преиспитаме нашето достоинство, желби, соништа и надежи.

Затоа што Божиќ е голем празник, свечен ден за сите христијани. На овој ден се воплоти Самиот Бог, Спасителот на светот, земајќи врз Себе човечка природа, Бог се поистоветува со човекот, станува во сѐ ист, освен во гревот. Така започнува историјата за спасение на човекот, така започнува историјата за нашиот обновен живот.

Ви посакуваме во овие радосни и празнични денови да го сретнете Богомладенецот, Исус со искрено срце, чиста душа и светли чувства.

Христос се роди! Славете го!

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот