Христос се роди – славете Го!

Христос се роди – славете Го!

Почитувани читатели на порталот Католици.мк, Христос се роди – славете го! Со овој христијански поздрав ви го честитаме Рождеството Христово и ви посакуваме мир, здравје, благосостојба и спасение, на вас, вашите семејства и вашите најблиски.

Велат и покрај тоа што ангелите се радувале за раѓањето Христово, многу повеќе треба ние да се радуваме, затоа што Христос не се роди заради ангелите, туку се роди за нас. Се роди за да им даде на грешните простување, на болните здравје, на заробените слобода, на залутаните да им го покаже патот, да ги утеши тажните, да ги подигне паднатите, да ги нахрани гладните, да ја врати смислата на животот, да ја уништи смртта и силата на злото, да го откупи и спаси паднатиот човек. Ете причина за радост и честитање. И еве и причина за љубов кон Исус и причина за наше преобраќање.

Светиот папа Лав Велики вели: Предраги, да се радуваме, затоа што ни се роди Спасител. И не смееме да бидеме тажни денес кога го славиме роденденот на Животот. Господ го уништи стравот од смртта и нè израдува со ветување дека ќе ни дарува живот вечен. Да се радуваме овие денови, длабоко свесни за дарот и можноста за веќен живот која Бог ни ја дава преку нашиот Спасител.

Христос се роди- славете Го!

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот