Христос ги умножува лебовите

Христос ги умножува лебовите

Размислување според Евангелието по Матеј 14,14-22, наменето за Осма недела по Педесетница

Свето Евангелие според Матеј 14,14-22

14.И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни. 15. А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.” 16. Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!” 17. А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет лебови и две риби.” 18. Он им рече: „Донесете Ми ги тука!” 19. И како му заповеда на народот да седне о тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. 20. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. 21. А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата. 22. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.

Размислување за Евангелието

Луѓето биле толку многу фасцинирани од проповедта на Спасителот што воопшто не размислувале за земните потреби – не ни забележале дека се во пусто место каде што нема храна. Тогаш апостолите, Христовите ученици, го молат некако да помогне во оваа ситуација за да можат луѓето да се хранат. Апостолите не ни доаѓаат на идеја, ниту пак размислуваат за тоа дека Христос може да им даде храна на луѓето. И уште повеќе, тие не се надеваат дека тие самите можат да им дадат нешто на овие луѓе. Во оваа ситуација, Исус Христос ги кажува овие познати зборови: „Дајте им вие да јадат“. Си други зборови тоа би значело: обидете се да направите нешто што можете во оваа ситуација.

Од една страна, гледаме чудо – Исус Христос ги умножува лебовите. Од друга страна, сме соочени со ситуација на поделба, бидејќи луѓето имале пет леба и две риби и најверојатно започнале да се делат, да си ги даваат едни на други. Колку е важно во нашите животи да можеме да споделуваме, да дадеме нешто на некој друг. Господ не само што прави чудо со умножување на лебовите, туку и нѐ учи да споделуваме едни со други, да го даваме она што можеме и го имаме, а Бог ќе го надополни. Затоа секогаш да го правиме она што можеме, а Бог секогаш ќе го умножува!

ДС/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот