Христос воскресе – навистина воскресе!

Христос воскресе – навистина воскресе!

Почитувани читатели, светлото на Христовото Воскресение нека ви ја дарува вистинската смисла на животот и Неговата победа над смртта нека го зајакне нашиот конеж за вечноста. Со овие мисли ви го честитаме празникот на Христовото воскресение. Христос Воскресе – Навистина воскресе!

Велигден кој ние го славиме е заради спасението за сите, почнувајќи од првиот човек кој е спасен и оживеан во сите. Несовршените и привремените нешта од минатото, така како што се старите слики и симболи на вечните работи, беа наменети да ја прикријат онаа вистина, која сега е исполнета. Сега кога вистината е присутна, симболот треба да ѝ го отстапи местото.

Тоа се случува како кога, ќе пристигне царот, никој не го занемарува вистинскиот цар и да оди сѐ уште да се поклонува на неговата слика. Од ова јасно се гледа на колку подолно ниво се наоѓа симболот од вистината, затоа што симболот потсетува на краткото постоење на првородените евреи кои беа спасени од десеттото страдање кое Бог го испрати врз Египјаните за да го пуштат Израилскиот народ на слобода, додека, вистината потсетува на вечниот живот на сите луѓе.

Не е голема работа за кратко време да ѝ се избега на смртта за оној кој е предодреден после кратко време да умре, но секако голема работа е целосно да ѝ се избега на смртта, како што ни се случи преку Христос, кој за нас се жртвуваше како наша Пасха.

Самото име на празникот ни ја покажува оваа негова висока вредност, ако биде интерпретиран во неговата точна смисла на зборот. Пасха, всушност значи „премин/поминување“, бидејќи ангелот истребувач, кој правеше да умрат првородените деца, ги одмина куќите на Евреите затоа што вратите од нивните куќи беа обележени со крвта од жртвуваното јагне. Сега преминот на истребителот се случува навистина и во нас, нѐ одминува без да нѐ допре, затоа што и ние сме обележени од крвта на жртвуваното Јагне, Христос, кој за нас страдаше. Всушност Христос нас нѐ воскресна за живот вечен.

Времето на Пасхата и на спасението на првородените се сметаше како почеток на годината. Што значи тоа на мистично ниво? Исто така и за нас жртвата на вистинската Пасха го означува почетокот на вечниот живот. Годината пак е симбол на светот, бидејќи е како кругот кој, за време на своето вртење, постојано се враќа на истото место, и нема една точка на завршеток.

Таткото на идниот свет, Христос, беше жртвуван за нас речиси да го избрише времето од нашиот живот во минатото, и да направи да започне еден нов. Всушност, преку миењето на повторното раѓање (светото Крштение) нѐ направи учесници во неговата смрт и неговото воскресение. Затоа секој еден кој навистина е свесен дека Пасхата беше жртвувана за негово спасение, да го смета за почеток на неговиот живот моментот во кој Христос се жртвуваше за него. (…)

Всушност „Ние кои сме веќе мртви за гревот, како може сѐ уште да живееме во гревот?“ (Рим 6,2). И затоа откако секој еден тоа ќе го спознае, да побрза да влезе во нов живот, и да не се враќа повторно во оној стариот и застарен живот. […]

(Од „Беседа за Велиген“ на еден црковен писател од раното христијанство PG 59, 723-724)

Категорија: Вера, Духовност

За авторот