Христовата мака – доволна причина и водич во животот

Исус ги искусил сите видови на телесно и морално страдање: Трпел од пагани и од Евреите, од мажи и од жени, како слугинката која го обвинила свети Петар. Трпел од владетели и нивните слубеници, од обичниот народ […]. Трпел од роднини и пријатели, од Јуда, кој го предаде и од Петар, кој се откажа […].Трпел заради пријателите кои го напуштија, поради гласините и навредите против него. Неговото достоинство трпеше од понижувањето и исмејувањето, дури и облеката му ја заедоа, единственото нешто што имаше. Во душата чувствуваше тага, празнина, страв, на телото болки од раните и од ударите на камшикот.

„Постојано да читаме за маката Господова“, советува свети Иван Златоуст, »бидејќи тоа неизмерно ќе ни користи. Дури и ако си потврд од камен, размислувњата за понижувањата на кои беше ставен Исус, потоа исмејан и ударан и неговата завршна агонија ќе те направи помек од восок и ќе ја искорени секоја тешкотија од твојата душа.« Многумина луѓе се преобратиле, читајќи внимателно за Маката Господова.

Свети Тома Аквински вели: »Христовата мака е доволна причина и водич за животот«. Потсетувајчи го еднаш свети Бонавентура, свети Тома го прашал во кои книги најде толку добра наука за да ја претстави во своите книги. Се зборува дека свети Бонавентура му го покажа распетието, веќе оштетено од бројните бакнежи и му рекол: „ОВаа книга ми кажа сѐ ѓ,што напишав, она што малку го знам, го научив од тука“. Распетие научило многу светци да трпат и вистински да го љубат Христос.

Маката Господова треба да биде предмет на нашата молитва, посебно во овие денови кои се толку блиски до централното таинство на нашето откупување.

„Ако некако е можно, би сакал да почувствувам сѐ што ти чувствуваш. Но ти си совршен и твоите чувства се далеку попрефинети од моите. Гледајќи те тебе, секогаш од ново согледувам дека незнам да трпам. Воодушевн сум од твојата подготвеност во потполност да се предадеш. Исусе мора да ти кажам дека сум кукавица. Гледајќи те со клиновите закован на крсотот, ’како трпиш толку колку што може да се трпи, со раце раширени по чинот на Вечниот Свештеник’ (Свети Хозе Марија Ескрива, Сцета Бројаница), сакам да те замолам што можеби ќе изгледа лудо: сакам да те следам Господи. Сакам потполно да се предадам на тебе, еднаш и засекогаш и да бидам подготвен да направам сѐ што сакаш од мене. Знам дека ниту приближно не сум толку силен за да можам да исполнам таква задача. Но Исусе, знам дека те сакам!“ (М. Монтенегро, Крстен пат XI.)

Битно нет/го*ко

Оваа медитација е краток извадок од дневните медитации, кои во целост се наоѓаат во книгата на Франчиско Карвајало: Да се разговара со Бог.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот