Христијанството е живот во Христа

Христијанството е живот во Христа

Христијанскиот живот не е да знаеш многу, туку да го живееш она што го знаеш. Така и апостолите, бидејќи верувале и започнале да живеат во согласност со тоа можеле да бидат успешни евангелизатори.

Христијанството не е една од другите религии, туку е живот во Христа. Не е врска: Бог е таму, а јас тука. Христијанствотот е она што го живееме во Бога и го претставуваме. И во првите векови на христијанството, кога неверниците се сретнувале со христијаните, тие биле шокирани од поинаквоста на христијаните.

Да се потсетиме дека библиските изрази што се користат за означување на светост – хебрејскиот „кадош“ и грчкиот „агиос“ – пред сѐ значат поинаквост, поинакви од овој свет, разлика од нејзината грешна ситуација во која се наоѓа по падот. И токму оваа поинаквост станува во христијанскиот живот активен сведок на Бога и Неговата светост.

Примерот на свети Пахомиј, исто така, ни зборува за ова. Тој бил римски војник. Пристигнувајќи во едно село, веднаш видел дека нешто не е во ред. Прашал какви се тие луѓе. А луѓето биле христијани. Тоа доведе до негово преобраќање.

Епископ Бенедикт A./к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот