Христијанските водачи во Зимбабве: Пронајдете ја радоста во вистината

Христијанските водачи во Зимбабве: Пронајдете ја радоста во вистината

Соопштението на Churches Convergence on Conflict and Peace (CCCOP), е објавено по повод Меѓународниот ден на правото на вистината за сериозните кршења на човековите права и достоинството на жртвите кој во 2010 година го основа Организацијата на обединетите нации; се поклопува со годишнината од смртта на надбискупот Оскар Арнулф Ромеро од Салвадор кој е канонизиран во 2018 година.

Пронајдете ја радоста во вистината – со тие зборови започнува соопштението кое го објави христијанската организација од Зимбабве Churches Convergence on Conflict and Peace (CCCOP), која работи со цел промовирање на мирот. Соопштението е објавено на 24 март по повод Меѓународниот ден на правото на вистина за сериозните кршења на човековите права и достоинството на жртвите кои во 2010 година го основа Организацијата на обединетите нации. Во соопштението се истакнува улогата на вистината во мировните напори, затоа што создава темел за помирување и поволно опкружување каде се среќаваат и виновниците и жртвите.

Имајќи го тоа во предвид претставниците на таа христијанска организација ги повикаа црковните институции во Зимбабве да размислуваат за својот повик на вистината и за одговорите кои ги даваат на прашањето за помирувањето и предизвиците со кои се среќаваат кои се однесуваат на кршењето на основните човекови права. Напоменувајќи дека националниот Устав пропишува дека државата мора да го штити и промовира човековото достоинство, таа христијанска организација ја поттикнува Владата да одговори на секој недостаток на гаранција на населението на правата на заштита и пронаоѓања на брзи решенија за претрпената штета на подрачјето на човековите права.

Имено, тие се присутни исто така во Евангелието и во некои делови во Библијата која е Божјото Словото на кое се засноваат христијанските вредности и начелата на социјалната наука на Црквата – потсетуваат христијанските водачи во Зимбабве. Меѓународниот ден се одбележува на 24 март се поклопува со годишнината од смртта на надбискупот Оскар Арнулф Ромеро од Салвадор кој е убиен на 24 март 1980 година додека служел света Литургија, токму заради осудата на насилството и кршењето на човековите права на најнезштитените луѓе во таа средноамериканска земја. Надбискупот Ромеро е прогласен за блажен во 2015, а за светец во 2018 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот