Христијанскиот живот на брачниот пар е најдобро сведоштво

Најефикасно сведоштво за брак е примерен живот на христијански брачен пар – е пораката кој папата Фрањо на 30 јули го објави на твитер профилот @Pontifex.И во вторникот на 28 јули Светиот Отец – исто така преку твитер – ги охрабри младите да не се плашат од бракот.

Вниманието на Папата кон семејството не оди на одмор. Само во последните три дена два пати го употреби твитер за да ја истакне централната положба на бракот и семејството во животот на Црквата и општеството. Тие пораки, кои во времето кое е посветено за одмор и забава, потсетуваат колку семејството – кое во октомври ќе биде протагонист на епископската синода – е на срцето на папата Фрањо. Освен тоа тие пораки на посебен начин се поврзуваат со младите кои комуницираат најмногу по пат на твитер и социјалните мрежи.

Меѓу останатото Светиот Отец две генерални аудиенции посвети на темата за брак на 29 април и 6 мај. Во катехезата на првата аудиенција посебно се осврна на ремек-делото брак, во кое се собира бесконечната Божја љубов. Истовремено папата Фрањо не пропушти да зборува за тешкотиите кои денес постојат заради „културата на привременост.“

Бидејќи има многу млади кои не се осудуваат да се венчаат, Црквата треба да се запраша и да бара патишта за да ја врати довербата во „проектот“ на неотповиклива врска. Во катехезата на 6 мај, Папата се осврна на убавината на бракот. Трогателно е и толку убаво тоа зрачење на Божјата сила и нежност која се пренесува од еден брачен пар на друг, од семејство на семејство – истакна тогаш папата Фрањо. Тие зборови нè враќаат на денешниот твит во кој Папата истакнува дека најефикасно сведоштво за бракот е примерен живот на христијанскиот брачен пар.

Многу е убаво тоа што Папата нè повикува да се осврнеме на реалноста на брачните парови христијани кои во својот живот ги гонат големи стравови, културни или психолошки кои ги има во нашето време – рече во разговор за Радио ватикан епископот Пиетро Марија Фрагнели, преседател на комисијата за семејство на Италијанската епископска конференција.

Папата инсистира на таа димензија на ефикасно сведочење и мислам дека денес тоа се бара, бидејќи кога се вели дека младите немаат повеќе упоришта, всушност се вели дека нема сведоци кои се во состојба да зборуваат без зборови, кои зборуваат со својот живот и на педагошкото подрачје, во училиштата и на подрачјето на правдата, квалитетот на односите, способност за воспоставување на хиерархија на веродостојни вредности во животот на брачниот пар и семејството – истакна епископот.

Осврнувајќи се на зборовите на Папата од една од катехезите посветени на бракот во која истакнува дека христијанинот не влегува во брак само заради себе, туку се венчава во Господ, за доброто на целата заедница, на целото општество, епископот Фрагнели напомена дека ефикасноста значи да се направи можен дарот на животот кој оди многу понатаму од самото семејство. Семејството – додаде – има задача за раѓање на живот и надеж која доаѓа до целото општествено ткиво.

Папата ни нуди две мерила – рече потоа преседателот на Комисијата за семејството на Италијанската епископска конференција. Вели дека реалноста на семејствата треба да се гледа со погледот на Бог кој на секоја состојба постојано гледа со милосрдна љубов. А со тоа ја поттикнува целата Црква, нашите локални Цркви, парохиите и секој крстен да бидат близу и во тишина да слушаат. Треба да се знае да се биде напред и така да се отвораат патиштата поддржувајќи и тешки ситуации или пак да се биде позади, понизно, охрабрувајќи, поттикнувајќи и поддржувајќи го семејството во тешкотиите кои не може да ги реши само.

Тоа пак значи дека е потребно да се промени менталитетот – објасни епископот – треба да се промени културата за да не оди во насока на индивидуализмот, туку во насока на солидарноста целосно сочувствување кое во човечкото срце го создава Евангелието и така го прави можно тоа ефикасно сведочење на примерен христијански брачен пар. Сето тоа е можно, тоа не е само сон – рече епископот Фрагнели.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот