Христијанската радост е мир, а не парче „сладок живот“

Христијанската радост е мир, а не парче „сладок живот“

Вистинскиот христијанин не може да биде мрачен и натажен.

Она што христијанинот го дише е радост која се состои од вистинскиот, а не од лажниот мир каков што го нуди денешниот свет, кој измислува многу работи за забава, безброј „мали парчиња сладок живот“ – рече папата Фраео на светата Литургија, која ја служеше во домот Света Марта на 28 мај 2018 година и продолжи да зборува за радоста која го карактеризира христијанинот и покрај искушенијата и тешкотиите.

Објаснувајќи го делот од Првото Послание на свети Петар апостол и делот од Евангелието според Марко во кое се зборува за богатото момче кое не можело да се одрече од сопствените интереси. Папата предупреди дека вистинскиот христијанин не може да биде мрачен и натажен. Да си маж или жена на радоста, значи да си маж или жена на мирот и утехата.

Христијанската радост е воздухот за христијанинот – рече Светиот Отец. Христијанинот кој не е радосен во срцето, не е добар христијанин. Радоста е воздухот за христијанинот, начин на христијанско изразување. Не е тоа нешто што се купува или постигнува со сопствен напор, тоа е плод на Светиот Дух кој дава радост во срцето.

Цврстиот камен на кој почива христијанската радост е сеќавањето – рече папата Фрањо и нагласи: Имено, не можеме да го заборавиме она што Господ го направил за нас, раѓајќи нѐ за нов живот; како и надежта во она што нѐ чека, средбата со Синот Божји. Сеќавањето на надежта се две компоненти кои му овозможуваат на христијаните да живеат во радост, но не во празна радост, расположение, туку во радост на кој на прво место и е мирот.

Радоста не значи да се смееш постојано и да се биде забавен – рече Папата и истакна: Христијанската радост е мирот кој е во длабочината, мир во срцето, мир кој само Бог може да ни го даде. Тоа е христијанска радост која не е лесно да се сочува. Современиот свет за жал се задоволува со култура која нема радост, во која се измислуваат многу работи аа забава, многу „мали парченца на сладок живот“, но кој не исполнуваат целосно.

Имено, радоста не е нешто што се купува на пазар, тоа е дар на Светиот Дух кој делува и во моментите на неволја и искушение – нагласи Светиот Отец и на крајот напомена: Постои добар и лош немир кога насекаде се бара сигурност, кога насекаде се бара задоволство. Момчето од Евангелието се плашело дека ако се откаже од богатството, нема да биде среќен. Радоста и утехата, тоа е она што го дишиме ние христијаните.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот