Христијаните и будистите заедно за воспитување во екологијата

Будистите и христијаните да промовираат заедничка еколошката едукација. Ова е повикот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог во поздравната порака до „вредните пријатели будисти“ по повод празникот Весак, со кој се слави раѓањето, просветлувањето и смртта на Гаутама Буда.

Инспирирајќи сѐ од енцикликата на папата Фрањо „Laudato si“ за грижата на заедничкиот дом, пораката потсетува дека „еколошката криза е повик за длабока внатрешна промена“, која води до нов начин на живот. Самите будистите, стои во пораката тврдат дека во основата на еколошката криза, се наоѓа кризата на его-то, која се изразува преку алчност, страв, вознемиреностаи ароганција, како и во незнаењето на човечкото суштество. Нашиот стил на живот и нашите очекувања треба да се менуваат, за да се надмине влошувањето на животната средина.

„Бидејќи кризата поврзана со климатските промени се должи и на човековата активност – се вели во пораката – ние, христијаните, и будистите, треба да работиме заедно на темата за еколошка духовност. Забрзувањето на светските еколошки проблеми бара итност за меѓурелигиска соработка. Воспитувањето за одговорност кон животната средина и создавање на „еколошко граѓанско општество“ бараат виртуозна еколошка етика, која ќе ги почитува и ќе се грижи за природата.

„Драги пријатели будисти – завршува текстот – можеме да работиме заедно, за ослободување на човештвото од страдањата предизвикани од промените, и да придонесеме за грижата за нашиот заеднички дом. Во овој дух, ви посакуваме повторно мирен и весел празник Весак.“ Пораката го носи потписот на кардиналот Жан-Луј Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог и секретарот, монсињор Мигел Анхел Ајузо Гиксо.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот