Фра Агнело Стоија нов парох во Папската базилика Свети Петар

Фра Агнело Стоија нов парох во Папската базилика Свети Петар

Со светата Литургија која во неделата на 10 октомври ја служеше кардинал Мауро Гамбети, архипрезвитер на Папската базилика Свети Петар започна пасторалната парохиска служба на фра Агнело Стои францискански мал брат конвентуалец.

Роден е во Пагани недалеку од Салерно пред 54 година, фра Агнело созревал во своето звање во сенката на фрањевскиот манастир Свети Анте во местото Носера Инфериоре. Последните осум години бил парох на парохијата Свети Дванаесет апостоли во историскиот центар на Рим за која фра Стоија со задоволство истакнува дека „педесет години била парохија на Микеланџело.“

Во интервју за Ватикан њуз фра Агнело Стоија му се заблагодарува на папата Фрањо за довербата, во кој има примерен татко.

Објасни дека луѓето често мислат дека парохиската служба во Папската базилика е новост, но дека парох во базиликата сигурно постои од раните 1500 години, кога започна со работа новата Fabbrica di San Pietro. „Парохот е именува заради оние кои сакале да примат крштение во ова „светилиште на нацијата.“ До пред триесет години секое римско семејство барем едно дете крштавало во Свети Петар. Фактот дека центарот на Рим се испразни значи дека се преселиле на периферијата“, објасни фра Агнело.

Во разговор за Ватикан њуз новиот парох нагласува дека поклопувањето на синодалниот пат на Католичката Црква и неговата нова служба го гледа како провидност. „Инспирација ќе пронајде во зборовите и гестовите на Папата бидејќи сум парох во неговата базилика. Се надевам дека ќе бидам дораснат за тоа, дека ќе можам најживо и најнепосредно да ја спроведам мислата и делувањето на папата Фрањо,“ заврши фра Агнело.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот