Фрањо – ефект: Се повеќе луѓе доаѓаат на исповед

Ватикан, 16.5.2013 /к.мк/ – Иако не му е мил изразот „Фрањо- ефект” челникот на Папскиот совет за нова евангелизација архиепископот Рино Фисичела се сложува дека папата Фрањо допре до срцата и умот на голем број луѓе.

„Многу свештеници од Италија ми рекоа дека повеќе луѓе доаѓаат на исповед признавајќи дека на тоа ги поттикнало зборовите на папата Фрањо ”, рече архиепископот Фисичела, додавајќи дека бројот на влезници за Папската неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар постојано се движи меѓу 50 000 и 70 000, што е многу повеќе од порано.

„Луѓето сакаат да бидат овде, да го слушнат неговиот глас, да го допрат, бидејќи тој се поврзува со луѓето на многу близок начин. Популарноста на папата Фрањо ја одразува важноста на верата, важноста да си христијанин и важноста на самиот Папа во овој момент од историјата на Црквата” ,смета монсињор Фисичела.

Секретарот на Папскиот совет за нова евангелизација, епископот Хосе Руиз Аренас рече дека за порастот на исповедите сведочат и епископи и свештеници од Мексико и Колумбија и дека тој феномен се случува во целиот свет.

Извор: CNS/ Превод: Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<