Фрањевец доби награда за најдобар наставник во светот за 2019

Фрањевец доби награда за најдобар наставник во светот за 2019

Годишната светска награда за најдобар наставник оваа година му припадна на фра Петер Табичи фрањевец и професор од Кенија.

На 24 март 2019 година во Дубаи се одржа свечено доделување на наградата во присуство на највисоките државници во таа земја. Свеченоста ја водеше холивудскиот актер Хју Џекмен, а за овогодинешната награда беа номинирани 10.000 наставници од 179 земји во светот. Нагрдата ја доделува светската добротворна фондација „Varkey“ од Лондон.

Професорот фра Петер Табичи е наставник во едно средно училиште во селото П’вани во долината Рифт во Кенија, каде 95% од учениците живеат во сиромаштво. Во таквите средини честа е зависноста од дроги и вонбрачни бремености на млади девојки. Светските медиуми со право нагласуваат дека Петер не е само обичен наставник, туку тој е и фрањевец свештеник кој 80% од својата плата ја дава за проекти за развој на локалното општество. На локалното население им пренесува знаење за сеење на земјоделските култури кои се отпорни на суша, а во училиштето води дополнителна наставна активноста наречена „Peace Club“ или „Друштво за мир“ во кое собира седум различни етнички групи за да создаде посилно општество. Минатата година неговите ученици ги победиле најдобрите училишта во државата на државниот натпревар по наука и техника. Професорот и фрањевец Петер Табичи има силно влијание на продуктивноста и самоувереноста на своите ученици и ги воспитува за живот. Тој самиот вели дека за добар наставник би требало повеќе да се прави, а помалку да се зборува.

Наградата за најдобар наставник и ова година изнесува 1.000000 американски долари. Но професорот фра Петер и порано зборувал дека не се важни парите. Речиси сите негови ученици доаѓаат од сиромашни семејства. Наградениот 36 годишен фрањевец од Кенија сигурно и овој износ ќе го донира за благосостојба на своите ученици. Веќе му честитаа претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата и голем број светски медиуми како реномираните светски медиумски куќи BBC и The Guardian.

Свjетло ријечи/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот