Франција: Оланд го откажа говорот поради света Агнеза

Руен, 30.4.2013 /к.мк/ – Претседателот на Франција Франсоа Оланд откажа да зборува под сликата на света. Агнеза. Ова го јавува  Ла Стампа (La Stampa). Поради таа причина Оланд откажа посета во музеј во Руен, откако неговите соработници открија, дека позади говорницата е закачена огромна слика на светицата. Сликата го претставува мачеништвото на света Агнеза и е насликана 1863 од Јозеф Десире Корте. Соработниците на Оланд бараа од музејот да ја симнат сликата. Тоа барање за среќа музејот го одби, бидејќи од практични причини не можеше да се изврши. Истотака од музејот беше одбиено и било какво покривање на сликата, по што следуваше откажувањето на говорот на Оланд. (СиМ)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<