Формација за новите бискупи: Навестување на Евангелието во променлива епоха и по пандемијата

Формација за новите бискупи: Навестување на Евангелието во променлива епоха и по пандемијата

Новите бискупи од целиот свет се собраа на Универзитетот „Regina Apostolorum“ во Рим, на формациски семинар насловен „Навестување на Евангелието во променлива епоха и по пандемијата: Бискупската служба.“

Семинарот, организиран од Дикастеријата за бискупи, е фокусиран на тема „Навестување на Евангелието во променлива епоха и по пандемијата: Бискупската служба“.

Станува збор за редовна формација за новите бискупи, но бидејќи во изминатите години поради пандемијата не можеше да се организира семинарот, годинава тој се одвива во два термина. На првиот, кој е во тек, учествуваат околу 150 бискупи, а на вториот, од 12 до 19 септември, се очекува да учествуваат 170. На двата термина присуствува и група бискупи кои се поврзани со Дикастеријата за Источни Цркви, кои потоа ќе продолжи со средби организирани од таа Дикастерија.

По светата Литургија предводена од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, со која официјално беше отворена средбата, во текот на неделата се разговараше за различни теми, како што се значењето и хоризонтите на синодалната црква; едукација за синодално раководство; управување со кризи со посебен осврт на злоупотребата; Црквата во постмодерното општество по пандемијата; канонско искуство за управување со бискупијата; да се живее во медиумскиот свет надвор од технократската парадигма; два приоритети означени од Папата на патот на Црквата: семејството и општото братство и бискупската светост во католичкото заедништво.

На првата седница, меѓу другите, присуствуваа и различни раководители на Дикастерии. Во четврток, 8 септември, светата Литургија во базиликата Свети Петар ја предводеше кардиналот Марк Оулет, префект на Дикастеријата за бискупи, а потоа бискупите беа примени на аудиенција од Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот