Филипинските епископи повикаа на молитва и пост

Филипинските епископи повикаа на молитва и пост

Епископите повикаа на пост и молитва „за сите оние кои го нагрдиле Божјото свето Име, оние кои клеветеле и лажно сведочеле и оние кои сториле убиства или оправдувале убиства како средства за борба против криминалот во земјата.“

Филипинската епископска конференција ги повика верниците на тридневна молитва и пост, откако тензиите помеѓу Црквата и претседателот Дутерте кулуминираа со неговата изјава во која Бог го нарекува „глупав.“

Претседателот на Филипинската епископска конференција, надбискупот Ромуло Валес во пасторалниот поттик „Радувајте се и воскликнете“ кој е објавен на 9 јули 2018 година повика на молитва за Бог да искаже милосрдие и правда „за сите оние кои го нагрдиле Божјото свето име, оние кои клеветеле и лажно сведочеле, и оние кои сториле убиства или оправдувале убиства како средство за борба против криминалот во земјата.“

Тридневниот „пост, молитва и дела на милосрдието“ на кои повикаа епископите се однесуваат на оние денови од 17 до 19 јули. (…)

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот