Филипинска бискупија засади 60.000 стебла во еден ден

Филипинска бискупија засади 60.000 стебла во еден ден

Во склоп на кампањата Време на созданието свештениците, монасите и монахињите, лаиците, посебно млади засадија стебла во цела бискупија Тагбиларан.

Локалниот епископ Алберто Уј истакна дека целта им да ги научат младите да го сакаат создаденото и да се грижат за животната средина. Таа беше една од многуте иницијативи на филипинската Црква во склоп на кампањата Времето за созданието која започна на 1 септември на Светскиот ден на молитва за создаденото и трае до 4 октомври на празникот свети Фрањо Асишки, со тоа што на Филипините Црквата го продолжи тој период до 11 октомври. Во кампањата учествуваат повеќе од 70 цркви и организации, а најмалку 100 волонтери од секоја парохија во Тагбиларан засадија 10 стебла во својата близина, по дворовите или на посебно одредени места.

Според податоците на Global Forest Watch организација која ги следи шумите во речиси реално време Филипините имаат 13,2 милиони хектари природни шуми кои се простираат на повеќе од 62% од земјиштето. Во 2019 година загубиле 48,2 илјади хектари природни шуми што е отприлика 19,1 милион тон емисија на јаглероден диоксид. Од 2001 до 2019 година Филипините загубија 1,23 милиони хектари шумски површини. (…)

Епископот Уј чија дијацеза предничи во многу каритативни проекти како што се станови за сиромашни семејства истакна дека во кампањата во Бохол се настојува наместо махагони и гмелин да се засадат ендемски видови и овошни дрвја.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот