Физикела: Ова е понтификат на евангелизација

Физикела: Ова е понтификат на евангелизација

Префектот на Папскиот совет за нова евангелизација надбискупот Рино Физикела на 23 март 2018 година зборуваше за Радио Ватикан за ангажираноста на таа дикастерија со цел умножување на плодовите од Јубилејот на милосрдието.

Префектот на Папскиот совет за нова евангелизација надбискупот Рино Физикела на 23 март 2018 година зборуваше за Радио Ватикан за ангажираноста на таа дикастерија со цел умножување на плодовите од Јубилејот на милосрдието, и зборуваше за улогата на светилиштата кои треба да го дадат својот поттик за евангелизација.

Разговорот со надбискупот Физикела е дел од серијата размислувања за реформата на Римската курија и животот во ватиканските институции. Првиот разговор во таа серија беше на 10 март 2018 година со префектот на Конгрегацијата за наука на верата, надискупот Луис Ладарија.

Надбискупот Физикела рече дека работата на неговата дикастерија е многу динамична затоа што среќава и прима голем број поединци и групи, и секојдневно на разни начини комуницира со многумина. Дикастеријата прима групи од разни бискупии, а посебно бискупии кои доаѓаат во посета „ad limina.“ Прима групи свештенички кандидати, млади, сите оние реалности, од движења до здруженија, кои секојдневно спроведуваат нова евангелизација. Моментално прима и групи кои се заинтересирани за животот на светилиштата. Според мислењето на надбискупот Физикела многу е динамично делувањето, но нагласи дека и евангелизацијата е динамична, и затоа мораме да се прилагодиме на посланието на Црквата за евангелизација.

На новинарско прашање какво значање има новата евангелизација во понтификатот на папата Фрањо, надбискупот истакна дека програмата на папата Фрањо ја наоѓаме во неговиот прв документ „Радоста на Евангелието“ кој да не заборавиме е резултат на Синодата за нова евангелизација и пренесувањето на верата – потсети надбиксупот Физикела и додаде: Затоа ми се чини дека со уверување можам да кажам дека понтификатот на папата Фрањо е препознатлив по копнежот и грижата за евангелизација. Секојдневно потсетуваме на многу изрази на папата Фрањо како: „Црква која излегува и Црква која е „полска болница“. Сите тие се изрази кои ја ставаат во центар основната порака: Црквата живее за евангелизацијата! Црквата ја сакал Исус и посланието кое Исус ѝ го доверил е евангелизацијата.

Пред една година, папата Фрањо на Папскиот совет за нова евангелизација му ја довери и надлежноста за светилиштата. Во врска со тоа надбискупот Физикела извести дека неговата канцеларија примила многу национални претставници на светилишта, затоа што желбата на Папата е светилиштата да станат посебни евангелизациски места. Секое светилиште има свои посебности и во нив се изразува нивната поврзаност со сопствената локална Црква. Способноста од тие места да се направи посебен простор за евангелизација, се стекнува преку прифаќањето на луѓето, славењето на светите Тајни, навестувањето на Словото Божјо и сведочењето на љубовта.

Светиот Отец ни довери да продолжиме со духовноста на милосрдието – рече надбискупот Физикела и напомена: Од тоа произлегува надлежноста која ни е доверена во текот на Јубилејот на милосрдие над т.н. „Конгреси на Божественото милосрдие.“ Во недела по Велигден на 8 април, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар ќе го слави празникот на Божественото милосрдие. После тоа од 9 до 11 април во Рим ќе пристигнат околу 600 мисионери на милосрдието затоа што Светиот Отец на крајот од Јубилејот сакаше да има свештеници кои ги поседуваат истите овластувања како Папата за разрешување од некои гревови. Таа средба преку размислувања и молитви ќе им помогне уште на поделотворен и побогат начин да ја вршат својата служба.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот