Фестивал за новинари од Медитеранот: Тероризам, дијалог, мир

Фестивал за новинари од Медитеранот: Тероризам, дијалог, мир

„Лажни вести, новинарство и војна – потешкотии во пронаоѓањето на вистината“ е насловот на првата работилница со која во Отранто во италијанската покраина Апулија на 10 септември 2018 година започна  „Фестивал за новинари од Медитеранот.“

Во центарот на фестивалот се плитичките, културните, општествените и религиозните теми на подрачјето на Медитеранот. На денот на затворањето на фестивалот, во недела на 16 септември порталот „Ватикан њуз“ ќе добие награда во категоријата „Надвор од конкуренцијата.“

Станува збор за десетто издание на Фестивалот за новинари од Медитеранот кој трае од 10 до 16 септември, а го промовира и организира здружнието „Земја на Медитеранот“. Во текот на таа недела повеќе од 100 домашни и странски гости ќе одржат тркалезни маси, работилници, семинари и презентации на книги, а заедничката тема е Медитеранот кој повеќе не е само место за трговска, туристичка, културна и религиска размена, туку и место на миграција, смрт и недозволена трговија. Африканските, блискоисточните и европските земји кои припаѓаат на медитеранскиот базен на овој фестивал ќе имаат можност да зборуваат благодарение на претстваниците од светот на новинарството, дипломатијата и различни институции.

Награда на интернет порталот „Ватикан њуз“

Во рамките на фестивалот, во недела на 16 септември ќе бидат доделени награди за најдобри репортажи и најдобри приказни кои инаку би останале непознати, а се однесуваат на три теми: меѓународниот тероризам, од Сирија до Европа; Медитеранот и негирањето на правата; и мирот и имиграцијата. Во категоријата „Надвор од конкуренција“, интернет порталот „Ватикан њуз“ ќе добие награда за „технолошка иновација“, за видео кое го прикажува почетокот на работата на реформата која ватиканските медиуми ја спороведоа со придружба и охрабрување од повеќе Папи. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот