Фатима: Затворање на 100 годишниот јубилеј од објавите на Богородица

Фатима: Затворање на 100 годишниот јубилеј од објавите на Богородица

Со меѓународно поклонение на 12 и 13 октомври 2017 година, предводено од епископот на епархијата Леира – Фатима, монс. Антонио Марто, ќе биде свечено затворена 100 годишнината од објавата на Дева Марија во Фатима, Португалија. Централно место на меѓународното поклонение зазема темата “Марија ѕвезда на евангелизацијата”.

Иницијативата беше претставена од центарот за информирање при Богородично светилиште, а во соопштението се вели дека „поклонението симболично ќе го означи крајот на објавите на Богородица на трите пастирчиња”.

Затворањето на јубилејот вклучува уште мултимедијалната проекција “Фатима – време на светлина” и концерт, кој ќе се одржи во базиликата Дева Марија на Бројаница во изведба на оркестарот и хорот на фондацијата Гулбенкијан, а под диригентство на Јоана Карниеро.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот