ФАО: Повеќе од 130 милиони луѓе во опасност од глад

ФАО: Повеќе од 130 милиони луѓе во опасност од глад

Во 2019 година речиси 690 милини луѓе беа погодени од глад. Во однос на 2018 година тој број се зголеми за 10 милиони и за дури 60 милиони во изминатите пет години – предупредува Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) во документот насловен „Состојбата со безбедноста на храната и исхраната во светот“, објавен на 13 јули.

Извештајот е одличен показател на глобалната состојба во движењето кон последната цел, со оглед на прехраната и на гладот во светот.

Документот е подготвен благодарение на заедничката работа на Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделство, Меѓунaродниот фонд за земјоделски развој, УНИЦЕФ, потоа Светската програма за храна и Светската здравствена организација. Во воведот претставниците на тие пет агенции предупредуваат дека „пет години откако светските лидери се заземаат за сузбивањето на гладот, прехранбената несигурност и сите облици на лоша прехрана, сè уште сме далеку од целта одредена за 2030 година.

На тие податоци и на потребното зајакнување на меѓународната соработка се осврна постојаниот набљудувачи на Светиот Престол при организациите и телата на Обединетите нации за прехрана и земјоделство, монс. Фернандо Арелано и истакна дека извештајот покажува колку сме далеку од целта да го победиме гладот во светот и дека не сме на „добар пат.“ Според податоците, обврската преземена во 2015 година со постигнување на конкретни цели до 2030 година не доведе до реален напредок. (..)

Монс. Арелано смета дека пред сè треба да се зајакне меѓународната соработка за да се обезбеди солидарност во светот, да се победи гладот, неправдата и меѓусебните разлики. За тоа се потребни праведни политики – истакнува и спомнува некои конкретни стратегии како што е поддржувањето на малите произведувачи и намалување на целите на основните хранливи намирници. Јасно е – додава, дека проблемот со лошата исхрана е директно поврзан со сиромаштвото.

Најмногу неисхранети има во Азија 381 милиони; потоа следува Африка со 250 милиони и Латинска Америка и Карибите со 48 милиони. Процентот на неисхранети луѓе не се променил многу, но апсолутниот број на гладни е во голем пораст; тоа го објаснува фактот дека во последните пет години гладот пораснал паралелно со светската популација. (…)

Судејќи според предвидувањата од извештаите заради пандемијата од болеста Ковид-19 до крајот на оваа година уште повеќе од 130 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од хроничен глад. Најголемиот број луѓе кои се соочуваат со дрматичниот недостаток на храна се наоѓаат во Азија, но брзо се шири и во Африка. Пандемијата од болеста Ковид-19 ја зголемува ранливоста и несоодветноста на општите прехрабени системи. (…)

Според податоците објавени во извештајот, во 2019 година 191 милиони деца во светот помлади од 5 години покажале недостаток во растот. Од друга страна 38 милиони деца биле дебели. Во извештајот исто така стои дека во меѓувреме и кај возрасните дебелината стана општа пандемија. (…)

Извештајот ги повикува на владите повторно да ги разгледат стратегиите на тема прехрана и земјоделство и секако да ја намалат цената на производството; да ги поттикнуваат произведувачите на локално ниво, да даваат предност на децата како најчувствителна категорија, преку медумите и едукативни материјали да промовираат нови начини на однесување, и исхраната да стане начин на национална заштита и една од стратегиите за вложување. Лидерите на спомнатите пет светски агенции на ООН на крајот на гарантираат својата поддршка на националните влади со цел одржлив развој за луѓето како и за нашата планета.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки ФАО, храна

За авторот