Улогата на Папата во воспоставувањето на мир во Колумбија

Средбата во Куба помеѓу папата Фрањо и водачите на Револуционерните вооружени сили на Колумбија „е остварлива можност“, истакна надбискупот Туње Луис Кастро Квирога, претседател на Колумбиската бискупска конференција.

Тој на 17 август 2015 година во главниот град на Куба во својство на пратеник на бискупите се сретна, со претставници на Револуционерните вооружени сили.

Говорејќи за евентуалната средба за време на посетата на Папата на Куба, од 19 до 22 септември, надбискупот појасни дека тоа не зависи од колумбиските бискупи, туку зависи од кубанската влада и Црквата на Куба. Додаде дека Папата е известен за мировните преговори во Колумбија и дека би му користело ако за тоа го известат и самите протагонисти, рече надбискупот додавајќи:

Со револуционерните вооружени сили разговаравме за сѐ, посебно за тоа што би требало да се направи за Папата да може вистински да придонесе за постигнување на мир, можеби преку својот пратеник. Сите благонаклоно гледаат на учеството на Папата во мировниот процес, забележа надбискупот

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот