Угледниот Тајмс го прогласи папата Фрањо за лице на годината

Светиот Отец папата Фрањо е третиот Папа кој угледното списание Тајмс го прогласува за „лице на годината“ – објави на 11 декември портпаролот на Светата Столица, патер Ломбарди.

Ова не е изненадување, рече Ломбарди, имајќи во предвид дека му е посветен голем публицитет од самиот неговиот избор, од самиот почеток на неговиот понтификат.

Позитивен е знакот што едно угледно признание, на подрачје на меѓународното новинарство, се доделува на лице кој во светот навестува духовни, религиски и морални вредности, и упорно повикува на мир и поголема праведност.

Што се однесува до папата, тој не бара за себе успех и слава, бидејќи му служи на на Евангелието на љубовта за сите. Ако тоа ги привлекува мажите и жените и им дава надеж, тогаш Папата е задоволен. Ако ова прогласување значи дека многумина, ја сфатиле барем основната негова порака – тој уште повеќе ќе се радува – рече патер Ломбарди.

Во 1962 истото признание го доби папата Иван XXIII, а во 1994 година папата Иван Павле II.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот