Убиен свештеник во Буркина Фасо

Убиен свештеник во Буркина Фасо

Свештеник на бискупијата Банфор во Буркина Фасо, Родриге Сану, кој исчезна на 19 јануари на пат кон главниот град на провинцијата, беше пронајден мртов, објавија локалните медиуми на 22 јануари 2021 година.

Веќе ноќта во средата, 20 јануари е пронајдено возилото на отец Сану, а бискупот Лукас Сану изјави дека властите интензивно го бараат.

Разни терористички групи и разбојници се активни во Буркина Фасо, особено на северот и истокот на земјата, еден свештеник беше киднапиран во март. Но насилство се врши исто така и врз муслиманите кои ги критикуваат терористите и џихадистите. Во август минатата година беше киднапиран големиот имам Џиба, кој исто така беше пронајден мртов три дена подоцна. Во декември 2018 година, еден Канаѓанец и еден Италијанец беа киднапирани и „пронајдени“, како што тоа официјално го нарекоа, во март 2020 година во Мали.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот