„Туризмот и селскиот развој“ е темата за 41. Светски ден на туризмот

„Туризмот и селскиот развој“ е темата за 41. Светски ден на туризмот

Во пораката упатена по повод 41. Светски ден на туризмот кој се одбележува на 27 септември ватиканската Дикастерија за промовирање на интегрален човеков развој поттикнува на нови патишта за да се оживее секторот кој силно го погоди пандемијата од коронавирусот. Имено, на крајот од оваа година ќе има милијарда меѓународни туристи помалку, тоа значи општа економска загуба од околу 1200 милијарди долари и неизбежни последици кои се однесуваат на невработеноста.

Пораката ја потпиша кардиналот Петер Турксон префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, а во неа се пренесуваат податоците од Светската туристичка организација која дава сериозен приказ на тој општествен сектор погоден од пандемијата чиј крај – како што стои во текстот – сè уште не се гледа. Станува збор за загрижувачка состојба која не смее да нè блокира и да нè лиши од позитивното гледање на иднината затоа што како што рече папата Фрањо најлошата драма на таа криза би била да не ја искористиме.

Дикастеријата истакнува темaта за светскиот ден посветен на туризмот е избрана пред пандемијата од болеста Ковид-19, а која упатува на туризмот и селскиот развој, и поттикнува на барање на сокриени рурални цели. (…)

Да се приближи туризмот и руралниот развој е начин на разбирање на новите култури, и за да дозволиме да нè допре вредноста на создаденото и неговата заштита, што денес не е само морална должност. туку бара и итно заедничко делување – се истакнува во пораката. Тоа е еден начин на запознавање на новите стилови на живот за да влеземе во однос со другите и со природата. Тоа значи да тргнеме по патот почитувајќи го ритамот на создаденото, животот на заедницата и земјоделските работи. Туризмот може да стане средство за близина – се напоменува во пораката – и така да се зајакнува духот на братството меѓу народите.

За повторно да се придвижи туристичката економија потребен е одговорен и одржлив туризам, за да се стане еден од факторите во борбата против сиромаштвото кое заради пандемијата нагло се зголеми. Дикастеријата упатува апел до светот на политиката за да се поттикне на одговорен туризам остварен во согласност со начелата на општествената и економската праведност почитувајќи ја околината и културата, давајќи на маргиналните подрачја прилика за развој и вклучувајќи ги во донесувањето на одлуките и локалните заедници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот