Отец Канталамеса нема да биде епископ

Отец Канталамеса нема да биде епископ

Отец Раниеро Канталамеса, кој го именува папата Фрањо за кардинал нема да биде хиротонисан за епископ. Двајцата други кардинали, кои не се епископи, отец Мауро Гамбети и Енрико Ферочи, ќе бидат хиротонисани. За тоа папата Фрањо пак му даде диспенза на отец Канталамеса, кој е член на монашката заедница Капуцини.

Кардиналската титула, која не е поврзана со епископско ракополагање, се смета како знак на благодарност за долгогодишното служење на отец Канталамеса во Папскиот дом, како Папски капелан. Во склоп на неговата служба се одржување на духовни вежби за членовите на Куријата, кои обично се во божиќниот и великиот пост.

За разлика од отец Канталамеса, отец Гамбети во недела ќе биде хиротонисан за епископ. Исто така и третиот кандидат за кардинал, кој не е епископ е долгогодишниот директор на римскиот Каритас, отец Енрико Ферочи, кој пак прими хиротонија во Рим, минатата недела.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот